Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Разиграниот министер повторно го украде шоуто во Будимпешта

11 мај 2026

Виткоф и Кушнер наскоро ќе ги посетат Москва и Киев?

10 мај 2026

СЗО препорача 42 дена карантин за евакуираните од крузерот со хантавирус

10 мај 2026

Затвореник од Идризово фатен со марихуана за време на викенд-отсуство

10 мај 2026

(Фото) ТЕЛМА- Газда чиј камион нелегално фрлаше шут во Лисиче, го прегази на пешачки Јорго Куќа и е осуден во „Синџир“

10 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Резултати од приемот на Хрватска во Еврозоната: Раст на цените и инфлацијата, но и на БДП и платите

Press OnlineBy Press Online28 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Приклучувањето на Хрватска во Еврозоната на 1 јануари 2023 година резултираше со раст на цените и повисока стапката на инфлација споредено со претходниот период, но сепак, според експертите, економските податоци сугерираат дека замената на куната со еврото во голема мера е успешна приказна.

Така, Хрватска лани беше меѓу земјите од ЕУ со највисока стапка на економски раст од 3,8 проценти, пред се благодарение на позитивните резултати во туристичкиот сектор во услови на забавување на индустријата ширум Европа, додека невработеноста беше на најниско ниво од воведувањето на новата статистичка методологија за пресметување на стапката на невработени во земјата во 1996 година. Дополнително, од воведувањето на еврото платите во Хрватска се зголемија за над 30 проценти.

Ваквите резултати се припишуваат и на високото ниво на искористеност на средствата од Механизмот за закрепнување и отпорност, па така според проценките на рејтинг агенцијата „Фич“ до истекот на неговата важност кон средината на следната година Хрватска најверојатно ќе ги искористи сите 4,5 милијарди евра од средствата предвидени за неа со овој инструмент на ЕУ наменет за справување со последиците од Ковид-19.

Хрватска уште во поголемиот дел од претходната деценија имаше стапка на инфлација на ниво нешто под просекот во Еврозоната, но Ковид пандемијата во 2020 година предизвика нејзин неколкукратен раст достигнувајќи до над 13 проценти.

И денес Хрватска е меѓу земјите од Еврозоната со највисока стапка на инфлација, но според експертите првичните за тоа во голема мера не се поврзани со воведувањето на еврото.

Според професорот од Факултетот за економија и бизнис на Универзитетот во Загреб, Петар Сориќ, Хрватска се приклучи кон Еврозоната во услови на сериозни инфлаторни притисоци предизвикани од Ковид пандемијата, кога стапката на инфлацијата во 2022 и 2023 година беше на највисоко ниво од почетокот на 90-тите години на минатиот век во време на распадот на поранешна Југославија.

Во такви услови, според Сориќ, перцепцијата на граѓаните била дека високата инфлација и растот на цените се резултат на влезот на земјата во Еврозоната.

Сепак, според професорот од истиот Факултет, рече Фран Галетиќ не треба да се занемари и влијанието на воведувањето на еврото врз растот на цените, посочувајќи го и примерот на Словенија каде во рок од 18 месеци од влезот на земјата во Еврозоната во јануари 2007 година, цените се зголемиле во просек за девет проценти.

Галетиќ потсетува дека со цел да ги смири стравувањата од растот на цените, хрватската Влада издаде препорака до трговците да ги изразуваат цените и во евра и во куни во периодот од четири месеци пред влезот на земјата во Еврозоната, па се до јануари 2024.

Сепак, според него, многу хрватски трговци ги зголемиле цените уште пред воведувањето на нивното двојно прикажување. Галетиќ посочува дека потрошувачките цени пораснале многу повеќе во 18-те месеци пред замената на куната со еврото, отколку по влезот на Хрватска во Еврозоната.

За да се справи со ваквиот проблем Владата во Загреб текот на 2022 и 2023 година воведе ограничувања на цените на некои основни стоки, но тоа не ги спречи поскапувањата, па така, на почетокот на годинава и Хрватите се приклучија на акцијата за бојкот на супермаркетите што се организираше во повеќе земји од балканскиот регион поради растот на цените.

Сориќ потенцира дека овие владини мерки пред се беа одговор на енергетската криза поттикната од руската агресија врз Украина, но многумина хрватски граѓани ги перципираа како реакција за амортизирање на последиците од воведувањето на еврото.

Според него, тешко е главните поттикнувачи на инфлацијата да се поврзат со воведувањето на еврото, па дури и индиректно.

Паралелно со растот на цените и инфлацијата, по влезот во Еврозоната, Хрватска забележа и економски раст, што во голема мерка се должи на зголемените приходи од туристичкиот сектор кој придонесува со околу една петтина во вкупниот БДП на земјата.

Но, овој раст во туризмот првенствено се должи на укинувањето на рестрикциите за патување во странство воведени за време на Ковид пандемијата, но и на растот на цените на туристичките услуги. Така, во последните три години цените за туристичките услуги во Хрватска се зголемија за околу 50 проценти, што е далеку повеќе отколку во Шпанија или Грција, каде тие бележат раст за 15 до 20 отсто.

Сепак, според експертите, генерално преминот на заедничка европска валута на Хрватска и донел многу повеќе придобивки, отколку штети.

Директорката на Одделот за европски прашања при Хрватската народна банка, Ана Шабиќ, смета дека замената на куната со еврото претставувала „целосно успешна приказна“. Според неа, само благодарение на намалените трошоци за финансиска размена и трансакции по влезот во Еврозоната, Хрватска заштедува по околу 160 милиони евра годишно.

– Хрватска ги почувствува сите очекувани придобивки од членството во Еврозоната и покрај фактот што и се приклучи во многу предизвикувачки времиња, вели Шабиќ, додавајќи дека суштинска заслуга за тоа имаат и „деталното и навремено планирање“, како и „јасната поделба на задачите и одговорностите меѓу вклучените институции“.

Поврзани содржини

Затвореник од Идризово фатен со марихуана за време на викенд-отсуство

10 мај 2026

(Фото) ТЕЛМА- Газда чиј камион нелегално фрлаше шут во Лисиче, го прегази на пешачки Јорго Куќа и е осуден во „Синџир“

10 мај 2026

Скандал со додатоците во градинките: Стеваноски го обвини Јаким Неделков за дискриминација на вработените

10 мај 2026
НАЈНОВО

Разиграниот министер повторно го украде шоуто во Будимпешта

11 мај 2026

Виткоф и Кушнер наскоро ќе ги посетат Москва и Киев?

10 мај 2026

СЗО препорача 42 дена карантин за евакуираните од крузерот со хантавирус

10 мај 2026

Затвореник од Идризово фатен со марихуана за време на викенд-отсуство

10 мај 2026

(Фото) ТЕЛМА- Газда чиј камион нелегално фрлаше шут во Лисиче, го прегази на пешачки Јорго Куќа и е осуден во „Синџир“

10 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.