Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

8 јуни 2026

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

8 јуни 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

8 јуни 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

8 јуни 2026

ОЈО- Обид за убиство поради банална сообраќајка во Скопје – се бара притвор за двајца браќа

7 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Арсовска за нападот: Се почувствував небезбедно за мојот живот

Press OnlineBy Press Online29 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи постапката против Сулејман Јамалари, обвинет за грубо насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Откако обвинетиот се изјасни дека не се чувствува виновен, започна доказната постапка со сведочењето на оштетената, која ја опиша атмосферата на настанот како агресивна и опасна.

Арсовска пред судот посочи дека на местото на инцидентот се чувствувала загрозено, несигурно и исплашено – не само за себе, туку и за присутните. Таа детално ги опиша заканите што ги добивала, кои продолжиле и откако обвинетиот бил задржан од полицијата.

-Сите кои бевме присутни се чувствувавме небезбедно. Заканите кои беа изречени, лично мене ми предизвикаа чувство и на страв и на несигурност, особено имајќи предвид дека во ниту една секунда кај лицето немаше ниту трошка жалење за тоа што го направи. Напротив, агресијата континуирано растеше и продолжуваше со бројни закани и навреди упатени не само кон мене, туку и кон другите, изјави Арсовска.

Таа опиша дека нападот траел над 40 минути, во кои обвинетиот, и покрај интервенцијата од страна на полициските службеници, продолжил да се обидува да нападне и други претставници од градската администрација.

-Се почувствував небезбедно за мојот живот, за животот на моето семејство. Целиот час што го поминавме таму, во терор од континуирани закани и навреди, и самото тоа што мораше интервентна полиција да нѐ вади, почувствувавме дека сме небезбедни на местото, истакна таа.

Во своето сведочење, Арсовска наведе дека обвинетиот бил истото лице што, според нејзини сознанија, и претходно ѝ упатувал закани преку социјалните мрежи. Таа изјави дека тие закани ги објавила јавно на својот профил и подоцна ги идентификувала како поврзани со обвинетиот.

Градоначалничката предјави оштетно побарување и официјално се приклучи кон кривичниот прогон, барајќи одговорност за стореното.

На вкрстени прашања од бранителката на обвинетиот, Иванка Јакимовска, која претходно посочи и дека обвинетиот имал телесни повреди од настанот, Арсовска одговори дека со кревањето на нејзината нога остварила контакт со обвинетиот кој бил минимален и во обид да избега.

-Ако сакате моето бегање да го прикажете како било каков контакт кој што не е дел од неговиот напад кон мене, не прифаќам, затоа што јасно се гледа кој кон кого се движи, рече Арсовска.

Сулејман Јамалари, поранешен вработен во ЈП „Паркови и зеленило“, е обвинет дека извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Инцидентот се случил на 11 јули 2025, кога Арсовска била на терен со овластени службени лица по пријава за бесправна градба.

Според обвинителниот предлог, Јамалари пристигнал со електричен тротинет и ја нападнал физички и вербално, при што ѝ нанел телесни повреди и изрекол сериозни закани.

Процесот го води судијката Билјана Коцевска, а застапник на обвинението е обвинителот Александар Давчевски.

Поврзани содржини

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

8 јуни 2026

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

8 јуни 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

8 јуни 2026
НАЈНОВО

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

8 јуни 2026

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

8 јуни 2026

ВЛЕН: Она што ДУИ не го направи за 25 години, ВЛЕН го прави за 25 месеци

8 јуни 2026

Филипче: СДСМ е таму каде што му е местото – на страната на народот, на работникот и младите

8 јуни 2026

ОЈО- Обид за убиство поради банална сообраќајка во Скопје – се бара притвор за двајца браќа

7 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.