Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

Треба да се зголеми минималната плата

Државата има рекордно полнење на буџетот, капиталните инвестиции за прв пат видливи на терен

Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија

Симеонова за „Локално“: Радев ужива голем рејтинг во Бугарија, но водењето на политичка партија е многу потешко отколку управувањето од претседателската институција

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Вести

До 15 септември сите службени возила ќе имаат таблици во боја

Press OnlinePress Onlineјули 29, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови, специјални таблици во боја, соопшти владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР).

Оваа одлука, како што се посочува, е донесена на денешната владина седница, по иницијатива на директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.

– Целта на оваа мерка е јасна: зголемување на транспарентноста, отчетноста и воспоставување контрола во користењето на службените возила. Обележувањето на возилата ќе овозможи граѓаните лесно да ги разликуваат од приватните, со што ќе се спречи нивна злоупотреба за лични, приватни или партиски цели. наведуваат од СОЗР.

Во наредниот период ќе биде отворена и телефонска линија на која граѓаните ќе можат да пријавуваат неправилна употреба на службените автомобили. Секоја пријава ќе биде евидентирана и ќе се постапува согласно законските процедури.

Во завршна фаза е и изготвувањето на централен регистар за сите службени возила, кој ќе обезбеди дополнителна контрола и увид во нивното користење.

– Со оваа одлука се исполнува уште едно клучно ветување – одговорно управување со државните ресурси и целосна отчетност кон јавноста. Државата испраќа јасна порака дека јавните ресурси се за јавна употреба, а не за лична корист. Преку воспоставување на систем за јавен увид и контрола, се поставуваат повисоки стандарди на интегритет и одговорност во работењето на сите институции, се нагласува во соопштението од СОЗР.

Поврзани објави

Треба да се зголеми минималната плата

декември 5, 2025

Државата има рекордно полнење на буџетот, капиталните инвестиции за прв пат видливи на терен

декември 5, 2025

Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија

декември 5, 2025
НАЈНОВО

Треба да се зголеми минималната плата

Државата има рекордно полнење на буџетот, капиталните инвестиции за прв пат видливи на терен

Објавен списокот на домаќинства кои ќе добијат субвенција за електрична енергија

Симеонова за „Локално“: Радев ужива голем рејтинг во Бугарија, но водењето на политичка партија е многу потешко отколку управувањето од претседателската институција

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.