Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Муцунски од Брисел: Потребно е да се оттргнеме од билатерализацијата на пристапните критериуми за ЕУ

11 мај 2026

Собраниската комисија денеска предлага нови членови на Антикорупциска

11 мај 2026

Кристијан Шмит поднесе оставка од функцијата висок претставник во БиХ

11 мај 2026

Во Бангладеш од 15 март регистрирани 344 смртни случаи на деца од мали сипаници

11 мај 2026

Променливо облачно со сончеви периоди, а попладне краткотраен пороен дожд, грмежи и ветер

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Европратеници бараат „значајни акции“ од ЕУ како одговор на иницијативата за израелска анексија на Западниот Брег

Press OnlineBy Press Online29 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вкупно 58 европратеници испратија писмо до лидерите на ЕУ со барање за „значајни акции“ против Израел, како одговор на необврзувачката резолуција усвоена во израелскиот Кнесет со која се бара анексија на Западниот Брег.

Во писмото адресирано до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, се отфрла идејата за „наметнување израелски суверенитет над окупираните палестински територии“, со оценка дека тоа би претставувало кршење на меѓународното право.

– Иако не е обврзувачка, резолуцијата претставува опасна ескалација и е дел од поширока стратегија за еднострано менување на правниот статус и демографскиот состав на територијата, што е директно спротивно на меѓународното право и резолуциите на ОН. Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, е меѓународно признат како окупирана територија, се вели во писмото.

Европратениците посочуваат дека според Четвртата женевска конвенција, на окупаторската сила и е забрането да анектира окупирана територија или да населува свое население на неа, а секоја израелска примена на своето национално право на таа територија претставува формална анексија и е правно ништовна.

– Меѓународниот суд на правдата во своето Советодавно мислење од 19 јули 2024 година потврди дека долгогодишната израелска окупација станала незаконска и утврди дека со своите постапки Израел ги крши меѓународното хуманитарно право и човекови права, што и де факто и де јуре претставува анексија, се додава во писмото.

Во него натаму се наведува дека сите држави се законски обврзани да ја почитуваат одлуката на Судот, да не ја признаваат окупацијата, да не помагаат во одржувањето на оваа ситуација и мора да соработуваат за нејзин прекинат.

– Ова се задолжителни правни обврски, а не прашања на политичка волја. Во светлината на ова, секоја израелска аспирација за суверенитет над Западниот Брег мора да резултира со јасен и конкретен одговор од ЕУ. Принципот на непризнавање мора да се примени во сите институционални рамки на ЕУ, потенцираат европратениците.

Според нив, присвојувањето на суверенитетот над Западниот Брег од израелска страна треба да резултира со итно преиспитување на односите меѓу ЕУ и Израел, вклучувајќи ги и трговските преференции, истражувачката соработка и политичкиот дијалог. Во писмото натаму се бара ЕУ да забрани економска активност што директно или индиректно придонесува за анексијата, вклучително и трговијата со стоки од доселеничките населби.

– Меѓународното право не може да се применува селективно. На анексијата не може да се молчи. Ако ЕУ го толерира проширувањето на израелскиот суверенитет над окупираната територија, таа станува соучесник во сериозно кршење на меѓународното право и го поткопува сопствениот кредибилитет како актер кој почитува правила. Затоа, го изразуваме нашето принципиелно противење на обидот на Израел да ја легализира анексијата. Ги повикуваме институциите на ЕУ да одговорат со значајни акции што ја одразуваат сериозноста и незаконитоста на овој потег. Европската Унија не само што мора да говори во одбрана на меѓународното право, туку мора и да дејствува, се додава во писмото потпишано од европратеници од редовите на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), либералната група „Да ја обновиме Европа“, Зелените, Левицата, како и еден пратеник од редовите на Европската народна партија (ЕПП).

Поврзани содржини

Муцунски од Брисел: Потребно е да се оттргнеме од билатерализацијата на пристапните критериуми за ЕУ

11 мај 2026

Собраниската комисија денеска предлага нови членови на Антикорупциска

11 мај 2026

Променливо облачно со сончеви периоди, а попладне краткотраен пороен дожд, грмежи и ветер

11 мај 2026
НАЈНОВО

Муцунски од Брисел: Потребно е да се оттргнеме од билатерализацијата на пристапните критериуми за ЕУ

11 мај 2026

Собраниската комисија денеска предлага нови членови на Антикорупциска

11 мај 2026

Кристијан Шмит поднесе оставка од функцијата висок претставник во БиХ

11 мај 2026

Во Бангладеш од 15 март регистрирани 344 смртни случаи на деца од мали сипаници

11 мај 2026

Променливо облачно со сончеви периоди, а попладне краткотраен пороен дожд, грмежи и ветер

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.