Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Крим во опсадна состојба. По украинските напади нема гориво, а и снемува храна

27 јуни 2026

Претседателска катарза

27 јуни 2026

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

27 јуни 2026

Драматични сцени во Пекинг: Авион удри во највисокиот облакодер, остатоци паѓаат од кулата

27 јуни 2026

Приврзаници на ДУИ протестираа во Тетово против укинувањето на одлуката за преименување на улици од 2007

27 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

ЦИВИЛ: Либерализацијата на продажбата на муниција за цивилни поседувачи на оружје – опасна за безбедноста и за меѓународната положба на Северна Македонија

Press OnlineBy Press Online30 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ЦИВИЛ – Центар за слобода остро ја осудува неодамнешната одлука на Министерството за внатрешни работи да предложи измени во Законот за оружје со кој им се дозволува на цивилните сопственици на огнено оружје да купуваат муниција без претходно одобрение, туку директно од овластените правни субјекти, односно продавачи на оружје и муниција.

Ова сериозно ја поткопува јавната безбедност и го нарушува меѓународниот углед на Северна Македонија.

Последици по јавната безбедност

1. Отворање дополнителни можности за нелегалната трговија

Западен Балкан веќе служи како главен извор на шверц на мало оружје и муниција во Европа.Отстранувањето на одобрението што го издава МВР за набавка на муниција, драматично го зголемува ризикот од пренасочување на легалната муниција кон криминални мрежи.

2. Јакнење на мрежите на организираниот криминал и терористичките мрежи

Организираните криминални мрежи што работат низ Северна Македонија и соседните земји и онака се зајакнуваат поради неконзистентноста и пропустите во контролата на оружјето во целост. Либерализираниот пристап значи дека повеќе уште муниција ќе влезе во оптек без трага, што ја прави погодна за злоупотреба. Либерализацијата што ја предлага МВР, односно министерот Панче Тошковски, претставува отстапување од Протоколот на Канцеларијата за дрога и криминал при ОН (UNODC Firearms Protocol). Оваа постапка ќе придонесе и кон јакнење на терористичките мрежи кои во ова ќе видам можност за создавање залихи од муниција.

3. Преоптоварување на капацитетите за спроведување истраги

И покрај тоа што МВР на Северна Македонија доби опрема финансирана од ЕУ за истраги на местата на злосторството и на огненото оружје, релевантните оддели при Министерството веќе се соочуваат со сериозен притисок. Новата политика што ја предлага министерот Тошковски, само дополнително ќе го оптовари системот, затоа што ќе се појават проектили чија трага ќе биде многу потешко да се следи, а со тоа и сторителите на кривични дела со оружје ќе бидат помалку достапни на органите на прогонот.

4. Ослабување на механизмите за контрола и проверка

Механизмите за контрола и проверка, кои веќе се предмет на критика и намалена јавна доверба, како и предизвиците поврзани со корупцијата, дополнително ќе бидат
ослабени со либерализацијата на набавката на муниција за лицата што легално поседуваат оружје.

Дипломатски и меѓународни последици

1. Директно спротивставување на нормите усогласени во и со ЕУ

Како кандидат за членство во ЕУ, Северна Македонија е обврзана да ги спроведува обврските утврдени во Регионалниот патоказ за контрола на мало и лесно оружје (SALW Roadmap) – иницијатива што ја води УНДП/SEESAC во координација со земјите-кандидати и ЕУ. Овој патоказ има цел да воспоставуви законодавство за контрола на оружјето и муницијата, целосно усогласено со рамката на ЕУ и меѓународните стандарди до 2023 година, како и значително намалување на нелегалниот проток и ризикот од диверзија на муниција до 2024 година.

2. Правни обврски за увоз

Иако домашната продажба не е директно регулирана според глобалниот Договор за трговија со оружје (ATT), Северна Македонија останува обврзана да го регулира целиот увоз на муниција според рамките определени со ATT. Оваа дерегулација од страна на власта испраќа сигнали и до домашните и до меѓународните партнери дека земјата излегува од меѓународните рамки за контрола на оружјето.

3. Нарушен имиџ во процесот на ЕУ интеграцијата

Потег што се смета за слабеење на контролата на оружјето сериозно ќе ја наруши довербата на ЕУ во нашата земја.
ЦИВИЛ, како организација со 25-годишна традиција во јавното застапување на строгата контрола на оружјето, членка на IANSA и Control Arms од самите почетоци, апелира итно да се повлечат предложените измени. Оваа одлука ја загрозува безбедноста на граѓаните, ги охрабрува криминалните актери и испраќа опасен сигнал до регионалните и европските засегнати страни.

Наместо дерегулација, земјата треба да усвои:
• Задолжително претходно овластување за секоја набавка на муниција од страна на цивилни лица
• Ригорозно евидентирање и следење
• Осовременување на системот преку автоматизирани механизми за следење и проценка на ризикот од пренасочување на оружјето и муницијата.

Таквите мерки не само што ги штитат граѓаните, туку и ја зацврстуваат евроинтеграцијата и кредибилитетот на земјата.

ЦИВИЛ – Центар за слобода

Преземено: Цивил Медиа

Поврзани содржини

Претседателска катарза

27 јуни 2026

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

27 јуни 2026

Приврзаници на ДУИ протестираа во Тетово против укинувањето на одлуката за преименување на улици од 2007

27 јуни 2026
НАЈНОВО

Крим во опсадна состојба. По украинските напади нема гориво, а и снемува храна

27 јуни 2026

Претседателска катарза

27 јуни 2026

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

27 јуни 2026

Драматични сцени во Пекинг: Авион удри во највисокиот облакодер, остатоци паѓаат од кулата

27 јуни 2026

Приврзаници на ДУИ протестираа во Тетово против укинувањето на одлуката за преименување на улици од 2007

27 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.