Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Почина Сергеј Иванов, еден од најблиските соработници на Путин

27 јуни 2026

Крим во опсадна состојба. По украинските напади нема гориво, а и снемува храна

27 јуни 2026

Претседателска катарза

27 јуни 2026

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

27 јуни 2026

Драматични сцени во Пекинг: Авион удри во највисокиот облакодер, остатоци паѓаат од кулата

27 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Бирн: Ирска отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето на ЕУ, врз основа на заслуги

Press OnlineBy Press Online30 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ирска отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето на ЕУ засновано на заслуги, порача денеска од Скопје ирскиот министер за европски прашања и одбрана, Томас Бирн на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

Бирн, чија земја го презема претседавањето со Советот на ЕУ во втората половина на следната година, нагласи дека членството во ЕУ ја трансформирало Ирска на економски и социјален план и и донело просперитет. Тој додаде дека за време на претседавањето на Ирска со ЕУ проширувањето ќе биде навистина мошне битен приоритет.

-Членството на ЕУ го зацврсти местото на Ирска на светската сцена и би рекол дека нашиот суверенитет беше навистина значително засилен откако седнавме на таа маса…Исто така би сакал да кажам дека нашата култура и нашиот јазик, се значително сочувани со членството во ЕУ. Вие тука зборувате албански, македонски, ние зборуваме претежно англиски, но и ирски јазик. Ирскиот е официјален јазик според нашиот Устав, а и во ЕУ стана официјален јазик и тоа беше навистина мошне трансформативно, тоа беше голем чекор во целиот свет, рече Бирн.

Тој истакна оти е свесен дека нашиот пат кон членството е навистина долг, мачен и можеби изгледа како да нема крај.

-Но ние мораме да го доведеме до крајот, мора да го доведеме до еден позитивен исход. И навистина се надевам дека ќе можеме да работиме со вас, билатерално, но и со колегите од ЕУ, во текот на нашето претседателство, за да дојдеме до вистинските чекори во тој процес, за луѓето од кај вас да кажат дека да ова е тука, ова го имаме пред нас и ние како народ сакаме да ги искористиме придобивките од сето тоа. Не само за луѓето од оваа земја, туку за луѓето од сите земји-членки, затоа што и тие ќе имаат корист од вашето членство, порача ирскиот министер.

Тој нагласи дека ги поддржуваат амбициите на земјава и ќе ја понудат секоја помош во тој процес со цел да се осигура да биде правичен и заснован на заслуги.

Бирн нагласи дека двете земји имаат одлични билатерални односи и соработка на високо ниво изминатите години.

Министерот Муртезани посочи дека денешната средба е природно продолжение на разговорите што ги воделе пред речиси еден месец во Даблин, кои, како што посочи, биле разговори водени во духот на партнерството, разбирањето и силна заедничка определба за обединета иднина на Европа.

-Нашите заеднички ставови и пораки остануваат исти. Проширување на ЕУ е прашање на заедничка безбедност, стабилност и визија. Не постои стабилна Европа без интеграција на Западен Балкан, не постои вистинска Унија без обединета политика кон соседството, рече Муртезани и додаде дека земјава останува посветена на овој пат со реформи, со конкретни резултати, и со отворен дијалог.

Тој изрази уверување дека секоја земја кандидат треба да се вреднува врз основа на своите заслуги, а не да биде заложник на билатерални прашања и политички блокади.

-Тоа е предуслов за зачувување на кредибилитетот на европската идеја. Ирска во тој контекст има значајна улога како членка на Унијата од 1973 година. Таа претставува пример за успешно користење на можностите што ги носи членството преку инвестиции, отворање на економијата и зајакнување на институциите. Но, за нас, е поважно и фактот дека Ирска е еден од гласните и јасни гласови на разумот и правичноста во рамките на ЕУ кога станува збор за процесот на проширувањето. Ја цениме ирската поддршка и гласно и тивко во институциите во ЕУ. Таа поддршка не е декларативна, туку конзистентна и принципиелна. Особено ни е драго што Ирска ќе го презеде претседателството со Советот на ЕУ во 2026 година, бидејќи веруваме дека тоа ќе биде дополнителна можност за продлабочување на европската перспектива на регионот, истакна Муртезани.

Поврзани содржини

Претседателска катарза

27 јуни 2026

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

27 јуни 2026

Приврзаници на ДУИ протестираа во Тетово против укинувањето на одлуката за преименување на улици од 2007

27 јуни 2026
НАЈНОВО

Почина Сергеј Иванов, еден од најблиските соработници на Путин

27 јуни 2026

Крим во опсадна состојба. По украинските напади нема гориво, а и снемува храна

27 јуни 2026

Претседателска катарза

27 јуни 2026

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

27 јуни 2026

Драматични сцени во Пекинг: Авион удри во највисокиот облакодер, остатоци паѓаат од кулата

27 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.