Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Претседателката Сиљановска Давкова : Кирил и Методиј се темелот на духовниот и културниот идентитет на македонскиот народ

25 мај 2026

Мицкоски на свечената академија за Св. Кирил и Методиј: Образованието е штит на државата, трпението за правдата е при крај

25 мај 2026

(Галерија) Магацин на поранешната Декортекст изгоре вечерва и ги вознемири жителите на Радовиш

25 мај 2026

Влен: Борбата против финансиската експлоатација на граѓаните станува реалност

25 мај 2026

СДСМ: Обвинителот Савески доби нови задачи од Мицкоски, овој пат на празник

25 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 25
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Судот во Приштина го осуди Милош Плесковиќ на 15 години затвор за воени злосторства во Косово

Press OnlineBy Press Online31 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Основниот суд во Приштина во четврток го осуди Милош Плесковиќ на 15 години затвор, по обвинение за воени злосторства во Косово.

Според обвинението, Плесковиќ, заедно со група вооружени Срби, уби тројца албански цивили и повреди неколку други во градот Призрен, објави„ Заклетва за правда “, косовски медиум специјализиран за известување од областа на правдата, пренесе РСЕ. 

Судијата Рахман Беќири во четврток изјави дека одлуката ќе биде извршена во рок од 15 дена од стапувањето во сила на пресудата. Плешковиќ веќе е во притвор.

Според обвинението, Плесковиќ пукал од оружје од типот „Калашников“, при што од пукањето на местото на настанот биле убиени Р.Д., Б.Д. и Ф.Б., додека повредените Џенгер Цана, Февзи Цана и Башким Кастрати избегале.

Меѓу другото, во документот се споменува дека на семејствата на починатите им било дозволено да ги соберат телата на жртвите една недела по убиството, и дека телата на Р. и Б.Д. биле поставени едно врз друго, додека едниот од нив имал отсечена нога, додека жртвата Ф.Б. немала глава на телото.

За време на војната во Косово во 1998/99 година, над 13.000 цивили биле убиени, додека илјадници други исчезнале.

Околу 1.600 луѓе, претежно Албанци, сè уште се водат како исчезнати.

Со текот на годините, правосудните органи во Косово обвиниле или осудиле неколку лица за воени злосторства.

Д. Т.  / Цивил Медиа

Поврзани содржини

Претседателката Сиљановска Давкова : Кирил и Методиј се темелот на духовниот и културниот идентитет на македонскиот народ

25 мај 2026

Мицкоски на свечената академија за Св. Кирил и Методиј: Образованието е штит на државата, трпението за правдата е при крај

25 мај 2026

(Галерија) Магацин на поранешната Декортекст изгоре вечерва и ги вознемири жителите на Радовиш

25 мај 2026
НАЈНОВО

Претседателката Сиљановска Давкова : Кирил и Методиј се темелот на духовниот и културниот идентитет на македонскиот народ

25 мај 2026

Мицкоски на свечената академија за Св. Кирил и Методиј: Образованието е штит на државата, трпението за правдата е при крај

25 мај 2026

(Галерија) Магацин на поранешната Декортекст изгоре вечерва и ги вознемири жителите на Радовиш

25 мај 2026

Влен: Борбата против финансиската експлоатација на граѓаните станува реалност

25 мај 2026

СДСМ: Обвинителот Савески доби нови задачи од Мицкоски, овој пат на празник

25 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.