Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Наизменичен сообраќај на патот Прилеп–Градско по претходниот прекин

26 јуни 2026

Во Германија измерен апсолутен температурен рекорд

26 јуни 2026

Се трага по 77-годишна жена од Орешани, боледува од деменција

26 јуни 2026

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

26 јуни 2026

Не постои доктрина наречена екстремизам

26 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Сиљановска-Давкова до Бирн: Ирска да продолжи да се залага за пристапување базирано на заслуги

Press OnlineBy Press Online31 јули 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера го прими Томас Бирн, државен министер за европски прашања и одбрана на Ирска со кого размениле мислења за севкупните билатерални односи, како и за процесот на пристапување кон Европската Унија.

Како што се наведуав во соопштението од кабинетот на Претседателката, Сиљановска – Давкова оценила дека политичките односи се пријателски и без отворени прашања, но со скромна динамика и посочила на потребата од интензивирање на контактите на највисоко политичко ниво. Таа ја истакнала потребата за поголема економска соработка и трговска размена меѓу двете држави.

-Сиљановска-Давкова се заблагодари за принципиелната и континуирана поддршка од Ирска за нашите аспирации за членство во Европската Унија. Потсети дека и по 21 година од формалната апликација за членство за време на ирското претседателство во 2004 година, процесот е заглавен во лавиринт од двојни стандарди. Барајќи фер шанса за земјата, таа изрази надеж дека Ирска, за време на нејзиното претседателство во втората половина на 2026 година, како поддржувач на политиката на проширување ќе продолжи да се залага за кредибилен процес на пристапување, базиран на заслуги, се наведува во соопштението.

Таа уште еднаш укажала на опасноста по процесот на проширување, од неговата билатерализација и оптовареност со идентитетски и историски прашања, стои во соопштението. 

Поврзани содржини

Наизменичен сообраќај на патот Прилеп–Градско по претходниот прекин

26 јуни 2026

Се трага по 77-годишна жена од Орешани, боледува од деменција

26 јуни 2026

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

26 јуни 2026
НАЈНОВО

Наизменичен сообраќај на патот Прилеп–Градско по претходниот прекин

26 јуни 2026

Во Германија измерен апсолутен температурен рекорд

26 јуни 2026

Се трага по 77-годишна жена од Орешани, боледува од деменција

26 јуни 2026

Министерство за транспорт: Инспекторатот ќе отстрани нелегален објект во старото градско јадро на Охрид

26 јуни 2026

Не постои доктрина наречена екстремизам

26 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.