Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ОН ја запре придружбата на бродови низ Ормускиот теснец, откако танкер беше нападнат од Иран

27 јуни 2026

Дури 150 милиони Европејци денес ќе доживеат температури над 35 степени

27 јуни 2026

Забраната на социјалните медиуми за млади во Австралија не е успешна

27 јуни 2026

Европол идентификуваше 731 организирана криминална мрежа во Европа

27 јуни 2026

Почина Сергеј Иванов, еден од најблиските соработници на Путин

27 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

МОН објави конкурси за стипендии, подршка за 7880 ученици и студенти

Press OnlineBy Press Online1 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за образование и наука (МОН) денеска објави конкурси за ученички и студентски стипендии за учебната и академската 2025/2026 година. Предвидена е подршка за 7880 ученици и студенти. Најмногу стипендии, соопшти МОН, се наменети за поддршка на учениците запишани во дуални паралелки во средно стручно образование – 1570.

За учениците во стручните училишта кои посетуваат програми со тригодишно траење предвидени се 150 стипендии.

МОН ќе додели и 300 стипендии за средношколци запишани на наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство, текстил и кожа, додека 180 стипендии ќе бидат поддршка за ученици со посебни потреби, а 50 за ученици – деца без родители.

За талентирани ученици се наменети 150 стипендии, исто толку и за талентирани ученици – спортисти, додека талентираните ученици од средното образование од областа на уметностите можат да конкурираат за 50 стипендии. Ќе бидат доделени и 900 стипендии за социјална поддршка на ученици од јавните средни училишта како и 1200 стипендии за ученици Роми запишани во јавните и приватните средни училишта.

– И студентите можат да конкурираат за различни категории стипендии. За студентите од социјални категории се наменети 1.470 стипендии. За студентите кои постигнале висок успех во текот на студиите, од научното подрачје на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките, медицинските, општествените и хуманистичките науки предвидени се 770 стипендии, а посебно за студентите по информатика 85 стипендии, информира МОН.

По 15 стипендии се доделуваат на студенти запишани на студиски програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности, потоа на студенти на студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија, како и на студенти на студиски програми за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно.

Како што соопшти МОН, за студентите запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки кои постигнале просечен успех од првата до тековно запишаната студиска година најмалку 7.50 просечен успех предвидени се 500 стипендии. Вкупно 130 стипендии ќе користат студентите кои постигнале просечен успех од првата до тековно запишаната студиска година од најмалку 7,00 просечен успех, а се запишани на студиски програми по хемија, физика и математика, односно успех 8,00 на студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки.

За студентите на студиски програми за наставен кадар во предучилишно воспитание, основно и средно образование наменети се 30 стипендии за студенти кои се запишани во прва година. Министерството за образование и наука ќе додели вкупно 150 стипендии на редовни студенти Роми.

Сите конкурси се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука.

Поврзани содржини

Претседателска катарза

27 јуни 2026

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

27 јуни 2026

Приврзаници на ДУИ протестираа во Тетово против укинувањето на одлуката за преименување на улици од 2007

27 јуни 2026
НАЈНОВО

ОН ја запре придружбата на бродови низ Ормускиот теснец, откако танкер беше нападнат од Иран

27 јуни 2026

Дури 150 милиони Европејци денес ќе доживеат температури над 35 степени

27 јуни 2026

Забраната на социјалните медиуми за млади во Австралија не е успешна

27 јуни 2026

Европол идентификуваше 731 организирана криминална мрежа во Европа

27 јуни 2026

Почина Сергеј Иванов, еден од најблиските соработници на Путин

27 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.