Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

Падна одлука: На Израел му дозволија да учествува на Евровизија, неколку земји се откажаа од натпреварот

Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти

Направивме стоковите резерви да се полнат од сопствено производство, тоа го покажува нашиот државен пристап

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Скандал ја тресе Евровизија: Словенија, Шпанија, Холандија и Ирска го откажаа учеството поради Израел

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Регион

Трамп воведува царини за десетици земји – Сирија, Канада, БиХ и Србија поминаа лошо

Press OnlinePress Onlineавгуст 1, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

13

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршен указ со кој се наметнуваат повисоки царини за увозот од десетици земји ширум светот, за „глобалната трговија да се преструктурира во корист на американските работници“, соопшти Белата Куќа. Сепак, за разлика од претходно најавеното, новите царини ќе стапат на сила на 7 овој месец, а не денеска.

Новите царини се движат од 10% до 41%, со највисока царина за Сирија. Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја ќе подлежат на тарифи од 15%, исто како и Македонија. Србија ќе се соочи со царини од 35 отсто, а Босна и Херцеговина од 30 отсто.

Трамп ги зголеми царините за десетици земји, за Македонија ги намали за 18%

Белата Куќа: Канада не соработуваше во сузбивање на фентанилот
Белата Куќа во документот наведе дека целта на царините е „преструктуирање на глобалната трговија во корист на американските работници“ и тие ќе стапат на сила на 7 август, а не денеска, како што се најавуваше. Царините за канадската стока зголемуваат од 25% на 35%, но тие ќе бидат на сила од петок.

„Како одговор на континуираната неактивност и одмаздата од Канада, претседателот Трамп сметаше дека е неопходно да се зголеми царината за Канада од 25 отсто на 35 отсто, за ефикасно да се реши постојната вонредна ситуација“, се вели во соопштението на Белата Куќа, во кое се порачува дека Канада не соработувала во сузбивањето на фентанилот и другите нелегални дроги.

 

Мексико доби одложување од 90 дена

Од царините се изземени канадските производи опфатени со трговскиот договор помеѓу САД, Мексико и Канада. Канадскиот премиер Марк Карни во јуни рече дека во случај да не се постигне договор до почетокот на август, Канада најверојатно ќе возврати со дополнителни царини на увозот на челик и алуминиум од САД.

Повисоките царини за канадска стока се во остар контраст со одлуката на Трамп да го одложи зголемувањето на царините за Мексико за 90 дена за да обезбеди повеќе време за преговори за поширока трговска спогодба.

Кина, пак, има рок до 12 август за постигнување долгорочен договор со администрацијата на Трамп, откако Пекинг и Вашингтон ги постигнаа своите први договори во мај и јуни за ставање крај на зголемените меѓусебни царини и укинување на забраната за увоз на ретки земни минерали.

Поврзани објави

Аеродромите во Црна Гора поставија рекорд од три милиони патници за една година

декември 4, 2025

Проектите на ЕУ не се доволно видливи во јавниот простор, вели хрватскиот премиер Пленковиќ

декември 4, 2025

Брнабиќ за ЕУ: Проширувањето не се базира на заслуги, туку на политичка волја

декември 4, 2025
НАЈНОВО

Падна одлука: На Израел му дозволија да учествува на Евровизија, неколку земји се откажаа од натпреварот

Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти

Направивме стоковите резерви да се полнат од сопствено производство, тоа го покажува нашиот државен пристап

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Скандал ја тресе Евровизија: Словенија, Шпанија, Холандија и Ирска го откажаа учеството поради Израел

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.