Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Забраната на социјалните медиуми за млади во Австралија не е успешна

27 јуни 2026

Европол идентификуваше 731 организирана криминална мрежа во Европа

27 јуни 2026

Почина Сергеј Иванов, еден од најблиските соработници на Путин

27 јуни 2026

Крим во опсадна состојба. По украинските напади нема гориво, а и снемува храна

27 јуни 2026

Претседателска катарза

27 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

(ИЗБОР) Албански медиуми: Новиот Кривичен законик во Албанија не е по мерка на сите; Рама го менува законот за невладини; Политичката криза во Косово парализира 17 институции

Press OnlineBy Press Online1 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Според главниот обвинител на Албанија, работата за нацрт законот за Кривичниот законик, требало да започне со анализа на проблемите на стариот закон, а потоа да се дебатира за преформулирање на новиот нацрт-закон, пренесуваат албанските медиуми.

Неконституирањето на деветтиот законодавен состав на Собранието на Косово почна да ги покажува своите последици. Во отсуство на Собранието и Владата, многу институции функционираат без одбори, а некои се дури и нефункционални, пишуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Јава њуз:  Полемика околу новиот нацрт-закон за Кривичнот законик – има нејасни членови и креира конфузија

Албанскиот главен обвинител Олси Чела разговараше со медиумите во врска со неговото противење на нацрт-законот за новиот Кривичен законик.

Според главниот обвинител, работата требало да започне со анализа на проблемите на стариот закон, а потоа да се дебатира за преформулирање на новиот нацрт-закон.

„Мислам дека почетната точка на процесот останува важна, треба да разбереме зошто овој законик што го имаме е недоволен за да одговори на предизвиците со кои се соочува општеството и откако ќе се направи таква анализа, доколку имавме квалитетен документ, би додале, да речеме, основите за тоа што треба да правиме следно. Фактот дека таков документ недостасува влијае на конечниот производ, кој ни е претставен денес и ова е главниот проблем што го има проектот“, рече главниот обвинител, пренесе Јава њуз.

НОА: Рама го менува законот за невладини организации

Албанската владата одобри предлог-закон, кој носи измени и дополнувања на Законот бр. 80/2021 „За регистрација на непрофитни организации“, со што се зајакнуваат правилата за регистрација, водење евиденција и административни санкции за прекршоци.

Меѓу главните одобрени измени се:

Замена на терминот „Окружен суд на Тирана“ со новото име „Општ суд во Тирана од општа надлежност“.

Рекатегоризација на правни термини, каде што „друга регистрација“ се заменува со „регистрација на промени на податоци“.

Одлуката за регистрација или бришење од регистрација на невладина организација ќе ја донесе судија од трговскиот оддел на Основниот суд во Тирана.

Одлуката за регистрација или отпишување на невладина организација ќе ја донесе судија од трговскиот оддел на Првостепениот суд во Тирана.

Одлуките на судијата за отфрлање на барањата може да се обжалат до Апелациониот суд со општа надлежност, во рок од 15 работни дена.

Се додаваат и нови административни санкции:

Глоба од 60.000 леки за пријавување лажни податоци во електронскиот регистар;

Глоба од 60.000 леки за нерегистрирање на промени на податоци;

Овие судски одлуки може да се обжалат до Првостепениот административен суд во Тирана, пренесе НОА.

КОСОВО

Газета експрес: Политичката криза парализира 17 институции, некои се целосно блокирани, некои работат со тешкотии

Остануваат уште осум дена до рокот што го одреди Уставниот суд за привремена мерка, бидејќи по 54 обиди, Собранието не е конституирано. Овој политички ќорсокак продолжува да ги блокира многу институции во земјата во однос на буџетот, како што е случајот со РТК, но и во однос на комплетирањето на одборите, но не само тоа.

Неконституирањето на деветтиот законодавен состав на Собранието на Косово почна да ги покажува своите последици. Во отсуство на Собранието и Владата, многу институции функционираат без одбори, а некои се дури и нефункционални.

Косовскиот правен институт идентификуваше 17 институции чија работа се извршува со тешкотии, а некои се целосно блокирани и нивната работа е прекината, пренесе Газета експрес.

Еуроњуз: Вјоса Османи и додели косовско државјанство на Дуа Липа

Косовската претседателка Вјоса Османи ѝ додели државјанство на Република Косово на познатата пејачка Дуа Липа.

Преку објава споделена на социјалните мрежи, Османи наведува дека Косово е секогаш благодарно и гордо на она што Дуа Липа го направила за младите и меѓународниот имиџ на земјата, пренесе Еуроњуз.

КОЛУМНА

Коха: „Политизацијата на безбедносните структури е штетна за безбедноста на Косово“

„Договорите меѓу Косово и НАТО за тоа како да (не) се испратат КБС на север се политизирани од самиот почеток. Барањето на Србија за „такви гаранции“ е исто така политички мотивирано. Сега, Косово исто така политизира секој пат кога единица на КБС оди во таа област, а тоа е штетно и за КБС и за безбедноста во Косово.“, пишува Авторот Аугустин Палокај, во колумната „Политизацијата на безбедносните структури е штетна за безбедноста на Косово“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д.Тахири / Цивил Медиа

Поврзани содржини

Претседателска катарза

27 јуни 2026

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

27 јуни 2026

Приврзаници на ДУИ протестираа во Тетово против укинувањето на одлуката за преименување на улици од 2007

27 јуни 2026
НАЈНОВО

Забраната на социјалните медиуми за млади во Австралија не е успешна

27 јуни 2026

Европол идентификуваше 731 организирана криминална мрежа во Европа

27 јуни 2026

Почина Сергеј Иванов, еден од најблиските соработници на Путин

27 јуни 2026

Крим во опсадна состојба. По украинските напади нема гориво, а и снемува храна

27 јуни 2026

Претседателска катарза

27 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.