Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Европол идентификуваше 731 организирана криминална мрежа во Европа

27 јуни 2026

Почина Сергеј Иванов, еден од најблиските соработници на Путин

27 јуни 2026

Крим во опсадна состојба. По украинските напади нема гориво, а и снемува храна

27 јуни 2026

Претседателска катарза

27 јуни 2026

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

27 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

ОЈО: Обвинителен акт против шест лица за фалсификување пари

Press OnlineBy Press Online1 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска поднесе обвинителен акт против шест лица, за кои постои основано сомнение дека како злосторничка група, организирана од првоосомничениот, сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. На пет лица им се става на товар кривичното дело „фалсификување пари“, додека првообвинетиот и уште едно лице се обвинети и за кривично дело – „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“, соопштија попладнево од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

– Од крајот на 2023 година до февруари 2025 година, првообвинетиот на територија на македонска и српска територија создал група на која припадници станале останатите обвинети – македонски државјани и шест српски државјани за кои постапката се води во Република Србија. Првообвинетиот неовластено набавил и држел опрема и материјали за правење на лажни банкноти – евра во апоени од 20, 50, 100 и 200 евра, кои припадниците на групата ги дистрибуирале до заинтересираните купувачи во Република Србија по цена од 25-30 отсто од номиналната вредност на вистинските банкноти. Шестообвинетиот неовластено изработувал машини и делови за правење лажни пари и истите ги одржувал. Од јуни 2024 година до јануари 2025 година, 114 .150 лажни евра, групата ги продала за 42.400 евра, се појаснува во соопштението.

Со обвинителниот акт, Обвинителството бара и продолжување на мерката притвор.

Поврзани содржини

Претседателска катарза

27 јуни 2026

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

27 јуни 2026

Приврзаници на ДУИ протестираа во Тетово против укинувањето на одлуката за преименување на улици од 2007

27 јуни 2026
НАЈНОВО

Европол идентификуваше 731 организирана криминална мрежа во Европа

27 јуни 2026

Почина Сергеј Иванов, еден од најблиските соработници на Путин

27 јуни 2026

Крим во опсадна состојба. По украинските напади нема гориво, а и снемува храна

27 јуни 2026

Претседателска катарза

27 јуни 2026

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

27 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.