Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Повисока плата – синдикатите се договорија со Владата, за минималецот нема пари, а ќе се намалат функционерските коефициенти

8 февруари 2026

Најтопло денеска во Гевгелија, измерени 18 степени

8 февруари 2026

Следната седмица заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег

8 февруари 2026

Сообраќајна несреќа помеѓу возило и мопед, тешко повреден 17-годишник

8 февруари 2026

Лишен од слобода струмичанец поради измами со лажни лекари и сообраќајки

8 февруари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, февруари 8
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Говори испразнети од суштина, пропратени со премолчано извикување фашистички слогани

Press OnlineBy Press Online3 август 2025 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пишува: КРИСТИНА КОСТОВА

Вековните стремежи за создавање сопствена суверена и независна држава се остварени пред 81 годинa.

Но, стремежите за обединување и заедништво во мирен, спокоен и среќен живот кој овозможува напредок, за жал, се под постојан напад од страна на одредени политички структури на кои им одговараат сценарија со спротивна содржина.

И тоа станува очигледно после вчерашните говори испразнети од суштина, а пропратени со премолчано извикување фашистички слогани кои уште повеќе ја продлабочуваат поделбата, опструкциите и изолацијата на кои така ревносно работи државниот врв.

Не сме обединети, бидејќи се испраќаат јасни и гласни националистички пораки, некаде збогатени со навредливи извици и говор на омраза кон одредена етничка група, а на друго место со едноставен гест на отсуство на реакција од властите, инаку први одговорни за промовирање и одржување единство.

Вербално и физичко насилство кон поинаквите го ништи духот на Илинден.

Личности кои се однесуваат како никогаш да не ги прочитале Крушевскиот манифест или Решенијата од Првото заседание на АСНОМ, меѓу кои и Декларацијата на АСНОМ за основните права на граѓаните на демократска Македонија, не заслужуваат да бидат наши политички лидери и функционери.

Игнорирањето вербално насилство и избегнувањето на осуда значи одобрување на уште поголеми насилни акти.

Тоа се скандалозни однесувања на политички функционери кои треба да се недозволиви.


Текстот е личен став. Преземено од ФБ на Авторката 

Поврзани содржини

Повисока плата – синдикатите се договорија со Владата, за минималецот нема пари, а ќе се намалат функционерските коефициенти

8 февруари 2026

Најтопло денеска во Гевгелија, измерени 18 степени

8 февруари 2026

Следната седмица заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег

8 февруари 2026
НАЈНОВО

Повисока плата – синдикатите се договорија со Владата, за минималецот нема пари, а ќе се намалат функционерските коефициенти

8 февруари 2026

Најтопло денеска во Гевгелија, измерени 18 степени

8 февруари 2026

Следната седмица заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег

8 февруари 2026

Сообраќајна несреќа помеѓу возило и мопед, тешко повреден 17-годишник

8 февруари 2026

Лишен од слобода струмичанец поради измами со лажни лекари и сообраќајки

8 февруари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.