Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Ана Дангова Хуг нов предлог за судија во Стразбур

11 мај 2026

Грчкиот митрополит забрани и литургија на бугарски јазик

11 мај 2026

Речиси 20 држави се вклучени во договорите за дронови со Украина

11 мај 2026

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче – Палевски тврди дека првостепената пресуда содржи сериозни пропусти

11 мај 2026

Меѓународна конференција „Траумата во литературата“ на Институтот за македонска литература

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ИНРМ: Програмата за енергетска поддршка на ранливи потрошувачи покрива помалку од 1% од домаќинсктвата во ризик

Press OnlineBy Press Online3 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Иако над 38.000 домаќинства живеат на работ на сиромаштија, новата програма за енергетска поддршка на Министерството за енергетика опфаќа едвај 3.932 семејства што е помалку од еден процент од вкупниот број домаќинства во државата, посочуваат од неформалната група Инженери на Република Македонија.

Министерството за енергетика на 31 јули 2025 година ја промовираше новата Програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија, најавувајќи финансиска поддршка во износ од 47,3 милиони денари (5 милиони на 27.6.2025 година и 42,3 милиони денари на 31.7.2025 година). Иако во јавноста ова се претставува како „помош за најзагрозените граѓани“, бројките прикажуваат сосема спротивната слика, односно оваа програма опфаќа исклучително мал број домаќинства кои се во реална енергетска сиромаштија, се наведува во дописот од ИНРМ.

Од вкупно 598.632 домаќинства попишани во 2021 година, според Министерство за енергетика, само 3.932 домаќинства ќе бидат опфатени како ранливи категории со право на субвенционирана сметка за струја, што е помалку од 0,7% од сите домаќинства.
Во бројки тоа изгледа вака:

  • 313 домаќинства со деца со попреченост;
  • 94 згрижувачки семејства;
  • 192 домаќинства со лица со интелектуална попреченост;
  • 1.583 домаќинства со лица со најтешка телесна попреченост;
  • 750 домаќинства со лице со целосна слепост и
  • 1.000 домаќинства со лице со целосна глувост.

Во исто време, според податоците на Државниот завод за статистика, во 2024 година 38.627 домаќинства користеле гарантирана минимална помош, додека вкупно 72.337 лица (вклучувајќи и 14.678 малолетни) биле корисници на некој вид социјална заштита. Сепак, ниту 10% од нив не се опфатени со оваа „програма за заштита“.

Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година предвидува 1.000 денари месечен попуст на сметката за струја во траење од 12 месеци. Овие 12.000 денари годишно по домаќинство, иако се добредојдени, се недоволни да ја покријат ниту половината од просечната годишна сметка за струја во еден македонски дом.

Дополнително, програмата вклучува и административни олеснувања како што е забрана за исклучување во зима, побрзо санирање на дефекти и ослободување од трошоци за повторно приклучување. Но, овие мерки се достапни само за оние неколку илјади семејства што ќе влезат во строгиот критериум на Министерството. Така, иако владата тврди дека никој нема да остане без енергија „кога му е најпотребна“, реалноста укажува дека десетици илјади сиромашни семејства, стари лица, невработени и самохрани родители се оставени надвор од мрежата на енергетска заштита. Критериумите за вклучување се ограничени, а јавниот оглас објавен на веб-страницата на Министерството има рок од само 30 дена.

Програмата за заштита на ранливи потрошувачи е симболична и далеку е од сериозна системска поддршка која би одговорила на социоекономска реалност во Македонија, се посочува во дописот од ИНРМ.

ИНРМ: Програмата за енергетска поддршка на ранливи потрошувачи покрива помалку од 1% од домаќинсктвата во ризик

Поврзани содржини

Ана Дангова Хуг нов предлог за судија во Стразбур

11 мај 2026

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче – Палевски тврди дека првостепената пресуда содржи сериозни пропусти

11 мај 2026

Меѓународна конференција „Траумата во литературата“ на Институтот за македонска литература

11 мај 2026
НАЈНОВО

Ана Дангова Хуг нов предлог за судија во Стразбур

11 мај 2026

Грчкиот митрополит забрани и литургија на бугарски јазик

11 мај 2026

Речиси 20 држави се вклучени во договорите за дронови со Украина

11 мај 2026

Жалбена расправа за убиствата на Вања и Панче – Палевски тврди дека првостепената пресуда содржи сериозни пропусти

11 мај 2026

Меѓународна конференција „Траумата во литературата“ на Институтот за македонска литература

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.