Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ОН ја запре придружбата на бродови низ Ормускиот теснец, откако танкер беше нападнат од Иран

27 јуни 2026

Дури 150 милиони Европејци денес ќе доживеат температури над 35 степени

27 јуни 2026

Забраната на социјалните медиуми за млади во Австралија не е успешна

27 јуни 2026

Европол идентификуваше 731 организирана криминална мрежа во Европа

27 јуни 2026

Почина Сергеј Иванов, еден од најблиските соработници на Путин

27 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

МКФ за инцидентот во Куманово: Спортот обединува, не дели

Press OnlineBy Press Online3 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

80

Ги повикуваме сите навивачи да се воздржат од слични постапки во иднина и да дадат свој придонес во создавање на позитивна, безбедна и инклузивна атмосфера на стадионите и салите, велат од МКФ.

Раководството на Македонската кошаркарска федерација се оградува и го осудува непримерното и националистичко однесување на мал дел од навивачите на натпреварот Македонија – Романија, одигран вчеравечер во Куманово.

„Таквите постапки не го претставуваат духот, вредностите и идентитетот на нашата федерација, ниту го отсликуваат мнозинството од нашите навивачи, кои секогаш ќе бидат пример за спортска култура и поддршка. Националистички пароли, говор на омраза и поттикнување нетрпеливост немаат место ниту на трибините, ниту во спортот воопшто. Ги повикуваме сите навивачи да се воздржат од слични постапки во иднина и да дадат свој придонес во создавање на позитивна, безбедна и инклузивна атмосфера на стадионите и салите. Истовремено, секогаш ќе соработуваме со надлежните институции за идентификација на инволвираните лица како во иднина не би се случувале вакви изолирани настани. Жалиме што еден таков настан, кој од домаќински и организациски аспект доби највисоки пофалби, сепак од една занемарлива структура на не/навивачи се искористи за НЕСПОРТСКИ потреби. Повторуваме: спортот обединува – не дели. Нашата заедничка цел е фер натпревар, меѓусебна почит и достоинствено претставување на нашите бои, стои во соопштението на федерацијата.

Натпреварот Македонија – Романија заврши со победа на гостите од 80:72.

Поврзани содржини

Претседателска катарза

27 јуни 2026

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

27 јуни 2026

Приврзаници на ДУИ протестираа во Тетово против укинувањето на одлуката за преименување на улици од 2007

27 јуни 2026
НАЈНОВО

ОН ја запре придружбата на бродови низ Ормускиот теснец, откако танкер беше нападнат од Иран

27 јуни 2026

Дури 150 милиони Европејци денес ќе доживеат температури над 35 степени

27 јуни 2026

Забраната на социјалните медиуми за млади во Австралија не е успешна

27 јуни 2026

Европол идентификуваше 731 организирана криминална мрежа во Европа

27 јуни 2026

Почина Сергеј Иванов, еден од најблиските соработници на Путин

27 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.