Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ОН ја запре придружбата на бродови низ Ормускиот теснец, откако танкер беше нападнат од Иран

27 јуни 2026

Дури 150 милиони Европејци денес ќе доживеат температури над 35 степени

27 јуни 2026

Забраната на социјалните медиуми за млади во Австралија не е успешна

27 јуни 2026

Европол идентификуваше 731 организирана криминална мрежа во Европа

27 јуни 2026

Почина Сергеј Иванов, еден од најблиските соработници на Путин

27 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Што скандирате бе луѓе, што премолчувате?

Press OnlineBy Press Online3 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОССКИ

Седиме во дворчето на Натали во Жуан ле Пинс, на Азурниот Брег. Пиеме ладна вода со лимон. Од комшиските апартмани тече некаков индонезиски поп, додека го бараме топчето од малото комшиче — чинам од Русија — кое ни влета во нашето дворче преку живата ограда што ги разделува апартманите. Мирно, тивко летно попладне во шарена рапсодија од нации и култури.

И читам вест од кај нас: во Куманово, на јавен собир каде присуствувала Премиерот и владина свита скандирале „Смрт за Шиптари“, „Гасни комори“, „Чиста Македонија“.

Ничим изазвани.
На настан каде што бил и Христијан Мицкоски и министри.
И…
Ниту збор од Мицко.

Ниту осуда.

Ниту оградување.

Мукла.

Мукла, ама не и неочекувана.

Бидејќи ова веќе не е пропуст.

Ова е тренд.

Политичка матрица.

Стратегија.

Молчешкум одобрување.

Оние што треба да обединат, тие ја нормализираат омразата.

Оние што треба да изградат иднина, тие копаат ровови.

Јадна ми држава, каде што треба да се вратам.

Јадна, бедна, извалкана од националистичка реторика што ќе нè сотри како народ.

Каква иднина може да се гради на такви темели?

На фашистички слогани кон нашите сограѓани што одекнуваат без срам, без последици?

Иронијата е што истите тие денес  „слават“ Илинден и АСНОМ.

Ги китат бините и говорите со лажен патриотизам, а во публиката им се скандира за „чистота“ на нацијата и за „гасни комори“ за нашите сограѓани и другари.

Сакаат да бидат наследници на антифашизмот, додека толерираат фашизам.

Што скандирате, бе, луѓе?

Што толерирате и премолчувате?

А, бе… #$@%&!


Текстот е личен став на Авторот

Поврзани содржини

Претседателска катарза

27 јуни 2026

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило

27 јуни 2026

Приврзаници на ДУИ протестираа во Тетово против укинувањето на одлуката за преименување на улици од 2007

27 јуни 2026
НАЈНОВО

ОН ја запре придружбата на бродови низ Ормускиот теснец, откако танкер беше нападнат од Иран

27 јуни 2026

Дури 150 милиони Европејци денес ќе доживеат температури над 35 степени

27 јуни 2026

Забраната на социјалните медиуми за млади во Австралија не е успешна

27 јуни 2026

Европол идентификуваше 731 организирана криминална мрежа во Европа

27 јуни 2026

Почина Сергеј Иванов, еден од најблиските соработници на Путин

27 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.