Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Почна автобуската линија Тетово – Попова Шапка, повратен билет 200 денари

17 јануари 2026

(Фото) Славната Србинка беше фатална во младоста, а сега на 78 години има тело за медал: Има сопруг 35 години помлад

17 јануари 2026

Босна и Херцеговина сè уште не ги добила очекуваните средства од Планот за раст на ЕУ

17 јануари 2026

Орбан: Западна Европа отворено се подготвува за војна со Русија

17 јануари 2026

Белгија: Испраќањето офицери во Гренланд е знак на солидарност со Данска, а не порака кон САД

17 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, јануари 18
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Советник на Трамп: Индија ја финансира војната на Русија во Украина

Press OnlineBy Press Online4 август 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

7

Клучен советник на американскиот претседател Доналд Трамп во неделата ја обвини Индија дека придонесува за финансирање на војната во Украина преку купување на руска нафта, откако Трамп дополнително го зголеми притисокот врз Њу Делхи да го прекине ова.

„Она што Трамп јасно го порача е дека не е прифатливо Индија да продолжи да го финансира овој воен конфликт со купување нафта од Русија“, изјави Стивен Милер, заменик шеф на кабинетот на Белата куќа и еден од највлијателните советници на Трамп.

Изјавите на Милер спаѓаат меѓу најострите критики кои досега ги упатила Трамповата администрација кон една од своите клучни партнери во Индо-Пацифичкиот регион.

„Ќе бидете шокирани кога ќе дознаете дека Индија е речиси на исто ниво со Кина според количината купена руска нафта. Тоа е запрепастувачки факт“, рече Милер во емисијата Sunday Morning Futures на Fox News.

Извори од индиската влада за Reuters изјавија во саботата дека Индија нема намера да престане со купување руска нафта, и покрај заканите од САД.

Во петокот стапи на сила царина од 25 проценти на индиски производи како последица на купувањето воена опрема и енергенси од Русија.

Трамп дополнително се закани дека ќе воведе царини од 100 проценти на увозот од земјите кои ќе продолжат да купуваат руска нафта, освен ако Москва не постигне мировен договор со Украина.

Поврзани содржини

Орбан: Западна Европа отворено се подготвува за војна со Русија

17 јануари 2026

Белгија: Испраќањето офицери во Гренланд е знак на солидарност со Данска, а не порака кон САД

17 јануари 2026

Договорот меѓу ЕУ и Меркосур потпишан по 25 години преговори

17 јануари 2026
НАЈНОВО

Почна автобуската линија Тетово – Попова Шапка, повратен билет 200 денари

17 јануари 2026

(Фото) Славната Србинка беше фатална во младоста, а сега на 78 години има тело за медал: Има сопруг 35 години помлад

17 јануари 2026

Босна и Херцеговина сè уште не ги добила очекуваните средства од Планот за раст на ЕУ

17 јануари 2026

Орбан: Западна Европа отворено се подготвува за војна со Русија

17 јануари 2026

Белгија: Испраќањето офицери во Гренланд е знак на солидарност со Данска, а не порака кон САД

17 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.