Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Невреме ја парализира Србија: Пороен дожд и силен ветер носат сè пред себе (видео)

11 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче коленичи пред Радев, ќе си ја доведе партијата до исчезнување

11 мај 2026

Норовирус коси на друг крузер: Заболени над 100 патници и членови на екипажот

11 мај 2026

Муцунски до бугарската колешка: Едноминутен разговор не е средба, а Македонците се Македонци

11 мај 2026

Група малолетници фрлале разни предмети кон угостителски објект во Скопје, сопственикот излегол и истепал едно дете

11 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 11
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

Press OnlineBy Press Online5 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Македонците во Куманово беа испровоцирани од албанскиот етнички шовинизам! Од изјавите на Ахмети со потценување и навредувачки тон кон светиот празник Илинден! Тие не се насилници, ниту мразачи!“, пишува на својот Фејсбук профил лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески, коалицискиот партнер на премиерот Христијан Мицкоски, во однос на националистичките скандирања на кошаркарскиот натпревар меѓу Северна Македонија и Романија на 2 август во Куманово.

„Слични навреди никогаш не завршија со кривични пријави против албанските навивачи, за разлика од последниот случај во Куманово, каде обвинителството веднаш реагираше за навредите насочени кон Албанци. Денес, македонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија! Ако навредите на една етничка заедница се гонат, тогаш МОРА да се гонат и сите други. Или – никој. Македонските млади не се криминалци! Тие се гласот на една потценета генерација што уште верува во сопствената земја! Да не се срамиме што сме Македонци. Да не се плашиме што сме гласни. Доста со двојните аршини!“, истакна меѓудругото Богојески.

Ваква релативизирачка порака на Богојески, без осуда за говорот на омраза на навивачите во Куманово, следува неколку часа подоцна откако премиерот Мицкоски го осуди тој немил инцидент, потенцирајќи дека не го ни слушнал тоа националистичко скандирање од една мала група навивачи.

Богојески „му држеше грб“ на Мицкоски додека го осудуваше тој немил настан. Но, осудата не допре до него иако беше само на еден метар одалеченост од премиерот…

ЦМДТ

Преземено: Цивил Медиа

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче коленичи пред Радев, ќе си ја доведе партијата до исчезнување

11 мај 2026

Муцунски до бугарската колешка: Едноминутен разговор не е средба, а Македонците се Македонци

11 мај 2026

Група малолетници фрлале разни предмети кон угостителски објект во Скопје, сопственикот излегол и истепал едно дете

11 мај 2026
НАЈНОВО

Невреме ја парализира Србија: Пороен дожд и силен ветер носат сè пред себе (видео)

11 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче коленичи пред Радев, ќе си ја доведе партијата до исчезнување

11 мај 2026

Норовирус коси на друг крузер: Заболени над 100 патници и членови на екипажот

11 мај 2026

Муцунски до бугарската колешка: Едноминутен разговор не е средба, а Македонците се Македонци

11 мај 2026

Група малолетници фрлале разни предмети кон угостителски објект во Скопје, сопственикот излегол и истепал едно дете

11 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.