Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Повисока плата – синдикатите се договорија со Владата, за минималецот нема пари, а ќе се намалат функционерските коефициенти

8 февруари 2026

Најтопло денеска во Гевгелија, измерени 18 степени

8 февруари 2026

Следната седмица заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег

8 февруари 2026

Сообраќајна несреќа помеѓу возило и мопед, тешко повреден 17-годишник

8 февруари 2026

Лишен од слобода струмичанец поради измами со лажни лекари и сообраќајки

8 февруари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, февруари 8
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Скопје ќе биде домаќин на Светското училишно првенство во ракомет во 2026

Press OnlineBy Press Online6 август 2025 Спорт
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

72

Македонија ќе биде домаќин на Светско училишно првенство во ракомет, кое ќе се одржи од 20 до 29 април 2026 година во Скопје. Овој значаен меѓународен спортски настан ќе се реализира во организација на Министерството за спорт и Федерацијата за училишен спорт на Македонија.

Договорот за организација на првенството беше официјално потпишан од страна на министерот за спорт Борко Ристовски, претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска и претседателот на Светската федерација за училишен спорт, Жељко Танасковиќ.

Ристовски истакна дека организацијата на ова првенство претставува признание за заложбите спортот да биде во секојдневието на младите преку училишниот систем.

-Горд сум што Македонија ќе биде домаќин на еден ваков значаен светски спортски настан. Ова првенство е признание за нашата заложба спортот да биде составен дел од животот на младите. Овој настан е една поширока платформа која ги поврзува спортот, образованието, младинските политики и интернационалната соработка. Ваквите меѓународни првенства се силен поттик и инспирација за учениците да се вклучат во спортските активности, да се натпреваруваат, да негуваат вистински вредности и да растат како личности. Верувам дека нашите млади ракометари ќе го искористат овој момент како мотивација за уште поголеми спортски успеси – порача министерот.

Претседателот на Светската федерација за училишен спорт ја истакна важноста на едно вакво големо спортско натпреварување во ракомет како спорт што е особено популарен во балканскиот регион.

-Ракометот е најпопуларен спорт во Македонија. Идејата Скопје да биде домаќин на ова престижно првенство се роди за време на Светската гимназијада што се одржа на Златибор. Министерот Борко Ристовски и неговиот тим го посетија настанот и беа импресионирани од високото ниво на организација во училишниот спорт. Убеден сум дека ќе се создаде прекрасен амбиент и ќе се испрати јасна порака дека еден ваков настан гради мост меѓу образованието, спортот и културата – рече Танасковиќ.

Посочувајќи го значењето, но и одговорноста да се организира ваков голем настан, претседателката на Федерацијата за училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска истакна дека Светско училишно првенство во ракомет ќе биде вистински спортски празник за градот и за државата.

-Организацијата на Светско училишно првенство е огромен настан за нас како Федерација за училишен спорт и упатувам голема благодарност до Министерството за спорт и до министерот Борко Ристовски за поддршката што ни ја дадоа да го добиеме и да го организираме овој училишен ракометен мундијал. Голема е важноста и одговорноста што ја носи организацијата на вакво натпреварување со толку млади спортисти, млади ракометари и идни ракометни ѕвезди. Верувам дека ова натпреварување ќе биде мотив за натпреварувачите, но воедно, мотив и за сите млади спортисти да продолжат да работат и да напредуваат – рече Мицковска.

На првенството се очекува да настапат околу 1000 млади ракометари и ракометарки – средношколци на возраст до 18 години од целиот свет.

Поврзани содржини

Македонските олимпијци продефилираа на свеченото отворање на Зимските олимписки игри

7 февруари 2026

Муамед Сејдини санкциониран со двегодишна забрана поради измама и злоупотреба на овластувања

6 февруари 2026

Македонските ракометари ја победија Романија во последната секунда на Европското првенство

20 јануари 2026
НАЈНОВО

Повисока плата – синдикатите се договорија со Владата, за минималецот нема пари, а ќе се намалат функционерските коефициенти

8 февруари 2026

Најтопло денеска во Гевгелија, измерени 18 степени

8 февруари 2026

Следната седмица заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег

8 февруари 2026

Сообраќајна несреќа помеѓу возило и мопед, тешко повреден 17-годишник

8 февруари 2026

Лишен од слобода струмичанец поради измами со лажни лекари и сообраќајки

8 февруари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.