Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Македонското здравство на дното во Европа, се наоѓаме меѓу најлошо рангираните

26 мај 2026

Татко го избодел 12-годишниот син во градите, крвава драма ја потресе Италија

26 мај 2026

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО

26 мај 2026

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО-ДПМНЕ си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

26 мај 2026

Топлoтниот бран во Европа одзеде седум животи во Франција

26 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 26
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Од 15 август намалување на училишниот прибор од најмалку 10 и 15 проценти – ПРВА ЛИНИЈА

Press OnlineBy Press Online7 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во периодот од 15 август до 15 септември, а со цел спречување на растот на цените на училишниот прибор пред почетокот на учебната 2025/2026 година и заштита на животниот стандард на граѓаните, како дел од кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе, се грижиме“, Владата донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10 отсто во трговија на големо и најмалку 15 проценти во трговија на мало.

Како што соопшти владината прес-служба, со оваа одлука, трговците на мало и големо кои продаваат училишен прибор, односно ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала (економични, пластични), дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери, темперни, акрилни, водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли, лепило, шестар, дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни и материјали за изработка се задолжуваат своите производи да ги продаваат по ограничена, т.е. намалена цена, односно најмалку 10 отсто во трговијата на големо и најмалку 15 проценти во трговијата на мало.

-Одлуката се однесува на период од 15 август 2025 година до 15 септември 2025 година, а трговците се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 01.06.2025 година, која цена се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето, се наведува во соопштението.

Исто така, од Влада додаваат дека пред влезот во продажниот објект или на друго истакнато место во продавницата, треба да биде јасно и видливо истакнат плакат со формат од најмалку А3, кој ќе содржи натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, кој е објавен на веб страницата на Министерството за економија и труд, како и натпис: ПОПУСТ НА УЧИЛИШЕН ПРИБОР, од најмалку 15 отсто, стои во владиноот соопштение. 

Поврзани содржини

Македонското здравство на дното во Европа, се наоѓаме меѓу најлошо рангираните

26 мај 2026

Татко го избодел 12-годишниот син во градите, крвава драма ја потресе Италија

26 мај 2026

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО-ДПМНЕ си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

26 мај 2026
НАЈНОВО

Македонското здравство на дното во Европа, се наоѓаме меѓу најлошо рангираните

26 мај 2026

Татко го избодел 12-годишниот син во градите, крвава драма ја потресе Италија

26 мај 2026

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО

26 мај 2026

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО-ДПМНЕ си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

26 мај 2026

Топлoтниот бран во Европа одзеде седум животи во Франција

26 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.