Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

Падна одлука: На Израел му дозволија да учествува на Евровизија, неколку земји се откажаа од натпреварот

Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти

Направивме стоковите резерви да се полнат од сопствено производство, тоа го покажува нашиот државен пристап

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Скандал ја тресе Евровизија: Словенија, Шпанија, Холандија и Ирска го откажаа учеството поради Израел

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Спорт

Ги нема Меси, Роналдо и Родри – планетата ќе добие нов сопственик на „Златната топка“

Press OnlinePress Onlineавгуст 8, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

9

Ниту рекордерот Лионел Меси, ниту Кристијано Роналдо, ниту минатогодишниот победник Родри не се меѓу 30-те кандидати за Златната топка, наменета за најдобриот фудбалер во светот во изминатата сезона.

На скратениот список од 30 имиња, како што се очекуваше, се наоѓаат најмногу фудбалери на актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен. Усман Дембеле се издвојува како прв фаворит за наградата од францускиот тим.

Барселона, која го освои шпанското првенство и куп, има четири номинирани играчи, меѓу кои најмладиот, 18-годишниот Јамал, и најстариот, 36-годишниот Левандовски.

Реал има тројца играчи, меѓу кои и Винисиус Жуниор, кој беше голем фаворит минатата година, но на крајот наградата му припадна на Родри.

Меѓу потенцијалните победници е и Скот Мектомини, како единствен претставник на Наполи, актуелниот шампион на италијанската Серија А.

Кандидати за „Златната топка“ се: Усман Дембеле (ФРА/ПСЖ), Џанлуиџи Донарума (ИТА/ПСЖ), Џуд Белингем (АНГ/Реал Мадрид), Дезир Дуе (ФРА/ПСЖ), Дензел Дамфрис (ХОЛ/Интер Милан), Серхи Гираси (ГУИ/Дортмунд), Ѓекереш (ШВЕ/Спортинг/Арсенал), Ашраф Хакими (ФРА/МАР/ПСЖ).

Хари Кејн (АНГ/Баерн), Хвича Кварашелија (ГРУ/ПСЖ), Роберт Левандовски (ПОЛ/Барселона), Алексис Мекалистер (АРГ/Ливерпул), Лаутаро Мартинез (АРГ/Интер Милан), Скот Мектомини (ШКО/Наполи)

Килијан Мбапе (ФРА/Реал Мадрид), Нуно Мендеш (ПОР/ПСЖ), Жоао Невес (ПОР/ПСЖ), Педри (ШПА/Барселона), Кол Палмер (АНГ/Челси), Мајкл Олисе (ФРА/Баерн), Рафиња (БРА/Барселона), Деклан Рајс (АНГ/Арсенал)

Фабијан Руиз (ШПА/ПСЖ), Вирџил ван Дајк (ХОЛ/Ливерпул), Винисиус (БРА/Реал Мадрид), Мохамед Салах (ЕГП/Ливерпул), Флоријан Виртц (ГЕР/Ливерпул), Витиња (ПОР/ПСЖ), Ламине Јамал (ШПА/Барселона).

Лионел Меси ја освои „Златната топка“ осум пати, Кристијано Роналдо пет, додека Јохан Кројф, Мишел Платини и Марко Ван Бастен ја добија престижната награда по три пати.

Поврзани објави

Благоја Милевски не е повеќе селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

декември 1, 2025

ВИДЕО Спектакуларниот шут со „ножички“ на Кристијано Роналдо

ноември 24, 2025

Ќе се вратам во Барселона, тоа е мојот дом

ноември 20, 2025
НАЈНОВО

Падна одлука: На Израел му дозволија да учествува на Евровизија, неколку земји се откажаа од натпреварот

Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти

Направивме стоковите резерви да се полнат од сопствено производство, тоа го покажува нашиот државен пристап

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Скандал ја тресе Евровизија: Словенија, Шпанија, Холандија и Ирска го откажаа учеството поради Израел

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.