Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО-ДПМНЕ си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

26 мај 2026

Топлoтниот бран во Европа одзеде седум животи во Франција

26 мај 2026

Претседателот на Албанија отиде на аџилак

26 мај 2026

Албанскиот претседател Бегај пристигна во Џеда на аџилак

26 мај 2026

СДСМ: ВМРО од Македонија прават слепо црево на Балканот, црна точка на Европа

26 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 26
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Додик побара од Судот на Босна и Херцеговина да ја смени затворската казна во парична

Press OnlineBy Press Online8 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Правниот тим на претседателот на ентитетот Република Српска, Милорад Додик, испрати барање до Судот на Босна и Херцеговина со кое бара казната затвор од една година да се замени со парична казна, објави РСЕ на српски јазик.

Ова е можност пропишана со Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, според кој еден ден затвор чини 100 КМ (50 евра). Додик ќе плати околу 36.500 КМ (малку повеќе од 18.000 евра) за една година.

Иако Додик рече дека ја отфрла конечната одлука на Судот на Босна и Херцеговина, барањето за претворање на казната во парична казна сигнализира дека тој ја прифатил пресудата.

Додик беше законски осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење на каква било јавна функција поради непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина.

Откако пресудата стана правосилна, на 6 август, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, избран на општите избори во 2022 година, а против оваа одлука беше дозволена жалба. Судот на Босна и Херцеговина ќе донесе конечна одлука и за ова прашање.

Д. Т. / Цивил Медиа

Поврзани содржини

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО-ДПМНЕ си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

26 мај 2026

Претседателот на Албанија отиде на аџилак

26 мај 2026

СДСМ: ВМРО од Македонија прават слепо црево на Балканот, црна точка на Европа

26 мај 2026
НАЈНОВО

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО-ДПМНЕ си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

26 мај 2026

Топлoтниот бран во Европа одзеде седум животи во Франција

26 мај 2026

Претседателот на Албанија отиде на аџилак

26 мај 2026

Албанскиот претседател Бегај пристигна во Џеда на аџилак

26 мај 2026

СДСМ: ВМРО од Македонија прават слепо црево на Балканот, црна точка на Европа

26 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.