Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Татко го избодел 12-годишниот син во градите, крвава драма ја потресе Италија

26 мај 2026

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО

26 мај 2026

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО-ДПМНЕ си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

26 мај 2026

Топлoтниот бран во Европа одзеде седум животи во Франција

26 мај 2026

Претседателот на Албанија отиде на аџилак

26 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 26
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори – ПРВА ЛИНИЈА

Press OnlineBy Press Online9 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бруталниот упад на полицијата во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Маја Лозановска, е уште една потврда дека режимот се врати, објавуваат од СДСМ.

Оттаму велат дека „ова е сликата на секој режим, полиција ставена во функција на политички притисок и незаконско разрешување на директорка во средно училиште, со единствена цел пред избори да постават партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ“.

Во партиското соопштение се истакнува дека „сега на граѓаните им е кристално јасно зошто беа измените на Законот за полиција и Законот за внатрешни работи кои ги спроведе Панче Тошковски, за целосна партизација на полицијата, политички прогон и злоупотреба во партиски цели на ВМОР-ДПМНЕ“.

Од СДСМ нагласуваат дека „полицијата станува продолжена рака на ВМРО-ДПМНЕ, а жртви се граѓаните . Денеска е директорка на средно училиште утре некој друг“.

СДСМ бара веднаш да престане, како што велат, бруталниот притисок и незаконското разрешување на директорката Маја Лозановска. Законите мора да се почитуваат без разлика за кого станува збор.

Бараме одговорност од сите кои ја извршуваат оваа незаконска постапка и кои дозволија ставање на полицијата во служба на политички прогон, се наведува во реакцијата од СДСМ.

Како што дознава Фронтлајн, се врши силен притисок врз директорката од страна на полицијата.

„Дома и се дојдени, жената е таргет сакаат да ја сменат на сила, ден пред распишување на изборите, а она користи боледување. Со полиција сакаат да ја извлечат од дома да ја однесат на работа и на сила да го прими решението за разрешување. Ова е скандал“, вели изворот за Фронтлајн.

Адвокатот на директорката Лозановска, Жарко Стеваноски во видео објава на Фејсбук синоќа го прикажа односот на полицијата после претресот од страна на инспекторите во домот на директорката.

„Еве како се менува доректор на средно училиште пред распишување на избори. Макар и на носилки на информативен разговор…“, пишува адвокатот Стеваноски.

Во видео прилогот се гледа како полицискиот инспектор бара да се приведе директорката во полициска станица и покрај тоа што таа е на боледување и со покачен крвен притисок констатиран од медицинска екипа викната во моментот.

– На носилки ќе ја носиме во полициска станица ако треба, вели полицискиот инспектор.

Ј. Ѓ.

Поврзани содржини

Татко го избодел 12-годишниот син во градите, крвава драма ја потресе Италија

26 мај 2026

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО-ДПМНЕ си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

26 мај 2026

Претседателот на Албанија отиде на аџилак

26 мај 2026
НАЈНОВО

Татко го избодел 12-годишниот син во градите, крвава драма ја потресе Италија

26 мај 2026

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО

26 мај 2026

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО-ДПМНЕ си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

26 мај 2026

Топлoтниот бран во Европа одзеде седум животи во Франција

26 мај 2026

Претседателот на Албанија отиде на аџилак

26 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.