Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Македонското здравство на дното во Европа, се наоѓаме меѓу најлошо рангираните

26 мај 2026

Татко го избодел 12-годишниот син во градите, крвава драма ја потресе Италија

26 мај 2026

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО

26 мај 2026

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО-ДПМНЕ си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

26 мај 2026

Топлoтниот бран во Европа одзеде седум животи во Франција

26 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 26
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Промоција на книгата „Калиграфи на филмското писмо“ од Влатко Галевски

Press OnlineBy Press Online9 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Кинотека на Македонија, во рамките на програмата на шестото издание на „Флипбук филм фестивал“ ќе се одржи промоцијата на новата книга на Влатко Галевски, со наслов „Калиграфи на филмското писмо“.

Книгата во разговор со авторот ќе ја претстават Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков.

Филмофилското издание на Галевски понудува иновативен филмолошки концепт во толкувањето на делата на дванаесет мајстори на филмскиот занает како: Вим Вендерс, Жак Тати, Рој Андерсон, Шантал Акерман, Ингмар Бергман, Ањес Варда, Андреј Тарковски, Бела Тар, Дејвид Линч, Акира Куросава, Ларс фон Треир и Аки Каурисмаки.

„Структурата на ‘Калиграфи’ е прилагодена на триетапниот приод на Галевски во разоткривањето на творечките лавиринти кај секој еден од одбраните режисери. Во првата етапа тоа е преку есеизираниот портрет на режисерот, во втората, насловена како ‘Референца’, совпаѓањето на неговата филмска постапка со мајсторството во определен занает, во третата етапа замислената случка (поткрепена со неколку вистински факти) се пишува во облик на сосем лична мини проза, фикција во која режисерот е лик.

Монографијата „Калиграфи на филмското писмо“ од Влатко Галевски во издание на издавачката куќа Флип Бук Букс од Скопје е поддржана од Министерството за култура и туризам. Нејзини уредници се Жарко Иванов и Дарин Ангеловски, лектурата е на Татјана Б. Ефтимоска, а графичкото уредување на Симчо Шандуловски.

Влатко Галевски е филмски критичар и новинар од областа на културата. Студирал право и музика. Напишал повеќе од 1300 филмски рецензии за домашни и странски списанија. Основач и главен ко-уредник на списанието Филм + и уредник на Филмски печат. Активно соработува со значајните македонски филмски фестивали. Редовно е акредитиран на фестивалите во Кан и Берлин. Основач е и домаќин на Дебатниот филмски клуб Лале и ментор е на Школата за филм во МКЦ. Автор е и водител на радио емисијата „Слушајте филм“, со повеќе од 1200 емисии.

Поврзани содржини

Македонското здравство на дното во Европа, се наоѓаме меѓу најлошо рангираните

26 мај 2026

Татко го избодел 12-годишниот син во градите, крвава драма ја потресе Италија

26 мај 2026

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО-ДПМНЕ си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

26 мај 2026
НАЈНОВО

Македонското здравство на дното во Европа, се наоѓаме меѓу најлошо рангираните

26 мај 2026

Татко го избодел 12-годишниот син во градите, крвава драма ја потресе Италија

26 мај 2026

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО

26 мај 2026

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО-ДПМНЕ си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

26 мај 2026

Топлoтниот бран во Европа одзеде седум животи во Франција

26 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.