Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Македонското здравство на дното во Европа, се наоѓаме меѓу најлошо рангираните

26 мај 2026

Татко го избодел 12-годишниот син во градите, крвава драма ја потресе Италија

26 мај 2026

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО

26 мај 2026

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО-ДПМНЕ си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

26 мај 2026

Топлoтниот бран во Европа одзеде седум животи во Франција

26 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 26
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра – ПРВА ЛИНИЈА

Press OnlineBy Press Online9 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

СДСМ ја изразува својата целосна поддршка на синдикатите за зголемување на минималната плата на 500 евра. Ова не е само барање на работниците,  ова е неопходно, ова е мерка која ќе им го олесни тешкиот живот на многу македонски семејства. СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минималната плата од 500 евра, изјави потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски на прес-конференција.

„Економските податоци се поразителни, инфлацијата изнесува 4,8%, што значи дека граѓаните денес имаат помалку пари во џебовите и живеат потешко.

Цените растат, платите стагнираат, стандардот опаѓа.  Секој ден граѓаните гледаат и чувствуваат на своја кожа како оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е неспособна да го подобри животниот стандард.

За нив важен е само бизнис интересот, личното богатење, луксузот на функционерите, со папаја, манго, приватни авиони, додека народот живее сè потешко и посиромашно.

Младите, пензионерите, работниците, земјоделците сите се борат со високи цени, ниски плати и неизвесна иднина.

Си купуваат нови луксузни возила, нов мебел, нови кабинети, луксузни патувања, значи за владините функционери сè да има ново, луксузно, отмено, а за граѓаните, трошки леб и сол.

Оваа власт нема ниту план, ниту економска политика, а нема ниту желба да им помогне на луѓето.  Не ги слуша барањата на синдикатите за поголеми плати, не презема мерки за намалување на цените туку анализираат.

Владата е слепа за ситуацијата во која се наоѓаат илјадници работници, кои едвај го минуваат месецот.

Затоа, СДСМ јавно ја изразува својата целосна поддршка на Синдикатите за зголемување на минималната плата на 500 евра!

Ова не е само барање на работниците,  ова е неопходно, ова е мерка која ќе им го олесни тешкиот живот на многу македонски семејства.

Веќе еднаш СДСМ ги поднесе законските измени за поголема минимална плата, за покачување на сите плати, но ВМРО-ДПМНЕ ги одби.

Ние нема да се откажеме.  СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минималната плата од 500 евра. За достоинствен живот и за фер плати.

Ќе видиме кој ќе гласа „ЗА“ народот, а кој повторно ќе го сврти грбот на народот.

СДСМ е и ќе остане гласот на работниците, на сите граѓани. СДСМ ги слушаше и почитуваше работниците, и сега е така.

Нашата борба продолжува, за 500 евра минимална плата, за зголемување на платите во сите сектори и за достоинствен живот“, истакна Илиевски.

Поврзани содржини

Македонското здравство на дното во Европа, се наоѓаме меѓу најлошо рангираните

26 мај 2026

Татко го избодел 12-годишниот син во градите, крвава драма ја потресе Италија

26 мај 2026

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО-ДПМНЕ си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

26 мај 2026
НАЈНОВО

Македонското здравство на дното во Европа, се наоѓаме меѓу најлошо рангираните

26 мај 2026

Татко го избодел 12-годишниот син во градите, крвава драма ја потресе Италија

26 мај 2026

Трамп им забранил на американските епидемиолози да комуницираат со СЗО

26 мај 2026

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО-ДПМНЕ си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

26 мај 2026

Топлoтниот бран во Европа одзеде седум животи во Франција

26 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.