Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
НАЈНОВО

Падна одлука: На Израел му дозволија да учествува на Евровизија, неколку земји се откажаа од натпреварот

Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти

Направивме стоковите резерви да се полнат од сопствено производство, тоа го покажува нашиот државен пристап

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Скандал ја тресе Евровизија: Словенија, Шпанија, Холандија и Ирска го откажаа учеството поради Израел

Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум
Press OnlinePress Online
Вести

Во Споменикот на слободата во Кочани започнува програмата за млади „Лето во друштво“

Press OnlinePress Onlineавгуст 11, 2025
Facebook Copy Link WhatsApp

Вечерва, 11 август 2025 година, од 21 часот, на Споменикот на слободата во Кочани,  со ритуална работилница во спомен на младите луѓе што ги загубија животите во пожарот во „Пулс“, ќе започне програмата за млади „Лето во друштво“ што ја подготви Центарот за психосоцијална и кризна акција Малинска во соработка со Општина Кочани, Локалниот младински совет Кочани и Сапорт Кочани.

Програмата што ќе трае до 23 август нуди спортски, уметнички, едукативни и психолошки работилници со различни активности наменети за сите млади од Кочани, Штип, Пробиштип, Виница, Чешиново-Облешево.

Учеството во работилниците треба да се пријави преку електронски  картички – формулари, со цел организаторите да ги испланираат и да ги спроведат активностите соодветно со бројот на учесниците. Во картичките детално се опишани планираните активности, времетраењето и локацијата на одржување.

Уметничките активности почнуваат денеска во 16 ч., со фотографска работилница за цијанотипија во Мултикултурниот центар во Кочани, а спортските од 12 август, на спортскиот терен во СОУ „Љупчо Сантов“. Посебен интерес се пројавува за набљудувањето на метеорскиот дожд Персеиди на манастирот „Св. Пантелејмон“ во селото Пантелеј, на 12 август од 21 ч. Организаторите најавуваат организиран превоз за пријавените млади. Автобусот ќе појде во 20 ч. од Градскиот плоштад. Останатите што сакаат да се вклучат во настанот потребно е сами да си го обезбедат превозот до Пантелеј.

Поврзани објави

Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти

декември 4, 2025

Направивме стоковите резерви да се полнат од сопствено производство, тоа го покажува нашиот државен пристап

декември 4, 2025

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

декември 4, 2025
НАЈНОВО

Падна одлука: На Израел му дозволија да учествува на Евровизија, неколку земји се откажаа од натпреварот

Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти

Направивме стоковите резерви да се полнат од сопствено производство, тоа го покажува нашиот државен пристап

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Скандал ја тресе Евровизија: Словенија, Шпанија, Холандија и Ирска го откажаа учеството поради Израел

© PRESSonline.mk 2018 - 2025
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • ::: Албански јазик
  • ::: Импресум

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.