Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Почна автобуската линија Тетово – Попова Шапка, повратен билет 200 денари

17 јануари 2026

(Фото) Славната Србинка беше фатална во младоста, а сега на 78 години има тело за медал: Има сопруг 35 години помлад

17 јануари 2026

Босна и Херцеговина сè уште не ги добила очекуваните средства од Планот за раст на ЕУ

17 јануари 2026

Орбан: Западна Европа отворено се подготвува за војна со Русија

17 јануари 2026

Белгија: Испраќањето офицери во Гренланд е знак на солидарност со Данска, а не порака кон САД

17 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, јануари 18
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Не може убиства од заседа да се праведна борба – ПРВА ЛИНИЈА

Press OnlineBy Press Online11 август 2025 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Не може да биде разумна и праведна војната во која кукавички, од заседа, се убиени припадници на безбедносните сили, изјави премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја изјавата на неговиот коалициски партнер од ВРЕДИ, Изет Меџити дека војната на УЧК била „праведна, разумна и чиста“.

Одговарајќи на новинарски прашања, претседателот на Владата ги повика, како што рече, сите разумни политичари да се воздржат и да не се враќаат на теми што се затворени,  да не ја следат политиката на поделби на ДУИ, туку да се фокусираат на теми од иднината.

-Ја слушнав таа изјава и тука апсолутно имаме различни гледишта на работите. Не може да биде разумна и праведна. Не може некој кој од заседа кукавички одземал животи и убивал припадници на министерствата за внатрешни работи и за одбрана, тоа не може да биде праведна и чесна војна, барем не во Мекедонија, не коментирам за соседството.  Но, тоа се теми кои се дел од минатото, затворени со Рамковниот договор, а со последните законски измени, конкретно Законот за правична застапеност кој е во Венцијанската комсиија, тој е затворен, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека во фокусот на Владата е иднината, а не минатото, и повика „разумните политичари“ да гледаат напред, а не назад.

-Нашиот фокус како Влада е иднината, тоа е она што ние сакаме да го видиме. Ова се теми затворени и јас апалирам до сите разумни политичари, да не играат на картата на ДУИ и на оние коишто сакаат да нè вратат 25 години назад. Да гледаме напред, да носиме инвестиции, да направиме поубаво место за живеење за сите граѓани. Тоа е суштината и оската околу која ние треба да се обединиме. Да ги оставиме политичарите кои делеа во минатото, тие немаат тема на иднината, тие не знаат што е иднина, заглавени се во сопствената матрица на минатото. Единствената порака што доаѓа од Демократската унија за интеграција во 14-15 месеци опозиција, заедно со новите коалициски партрнери СДСМ и Левица, е токму тоа – поделба. Затоа, апелирам до сите да се воздржиме од какви било теми коишто нè враќаат назад во минатото, да гледаме кон теми во иднината, порача Мицкоски.

Вицепремиерот и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, во објава на социјалните мрежи пред три дена истакнал дека „Војната на УЧК во Косово, во Прешево и во Македонија беше праведна, разумна и чиста“, изразувајќи поддршка на протест што се одржал во Приштина организиран од Здружението на воени ветерани на паравоените УЧК и ОВК.

Поврзани содржини

Почна автобуската линија Тетово – Попова Шапка, повратен билет 200 денари

17 јануари 2026

Владата да се вклучи во дијалогот на ЕСС –платите мора да растат

17 јануари 2026

Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Филипче демантира и најавува тужби

17 јануари 2026
НАЈНОВО

Почна автобуската линија Тетово – Попова Шапка, повратен билет 200 денари

17 јануари 2026

(Фото) Славната Србинка беше фатална во младоста, а сега на 78 години има тело за медал: Има сопруг 35 години помлад

17 јануари 2026

Босна и Херцеговина сè уште не ги добила очекуваните средства од Планот за раст на ЕУ

17 јануари 2026

Орбан: Западна Европа отворено се подготвува за војна со Русија

17 јануари 2026

Белгија: Испраќањето офицери во Гренланд е знак на солидарност со Данска, а не порака кон САД

17 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.