Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026

Зеленски: Конструктивни разговори со САД и Русија, можни се нови средби наскоро

24 јануари 2026

Орбан: На изборите ќе се одлучува Унгарија да не стане „должнички роб“ поради Украина

24 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, јануари 25
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот на Тошковски и да ја прошири истрагата – ПРВА ЛИНИЈА

Press OnlineBy Press Online11 август 2025 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Пред Основното јавно обвинителство, СДСМ бара отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски  и проширување на истрагата. Фактите се јасни, началникот на Тошковски ги прекршил своите овластувања и ја злоупотребил својата положба спроведувајќи незаконска постапка и политички прогон против болна жена. Самото МВР ја призна неговата вина и го потврди она што СДСМ го говореше од првиот ден, дека началникот постапувал незаконски, изјави на прес-конференција, Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ.

„Сега никој нема нема право да го заташка случајот. Не е доволно само дисциплинска постапка пред внатрешна контрола. Основното јавно обвинителство треба да поднесе кривична пријава и да обезбеди процесуирање на началникот пред лицето на правдата.

Доколку тоа не го направи, ќе значи директна заштита на Мартиноски, а со тоа и на неговиот шеф Панче Тошковски.

Истрагата на ОЈО треба да се прошири и да даде одговори на прашањето дали Мартионовски постапувал по налог на Тошковски?

Сомнежите се основани затоа што според информациите објавени во медиумите, Мартиноски претходно бил суспендиран од работа, наводно поради рекет. Но, тоа не било пречка за Тошковски, веднаш по доаѓањето тој го поставува Мартиновски за началник.

Понатаму, обвинителството мора да ја повери и целата незаконска постапка спроведена против директорката на училиштето во Демир Хисар. Сите што ги прекршиле законите мора да одговараат.

СДСМ бара ОЈО да покаже дека законот важи за сите, особено за началниците на Тошковски, и да стави крај на злоупотребите на полицијата во партиска служба на ВМРО-ДПМНЕ.

Полицијата мора да биде заштитник на граѓаните, а не средство за политички прогон и заплашување“, истакна Јанковиќ.

 

Поврзани содржини

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026

Законското усогласување на минималецот е најдобра опција за експертите

24 јануари 2026

Го слушнавме Филипче ја повикува Белата палата, ама не го слушнавме да се огради од своите и криминалите на СДС

24 јануари 2026
НАЈНОВО

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026

Зеленски: Конструктивни разговори со САД и Русија, можни се нови средби наскоро

24 јануари 2026

Орбан: На изборите ќе се одлучува Унгарија да не стане „должнички роб“ поради Украина

24 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.