Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, јануари 25
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Премиера на театарската претстава „Душан“ во режија на Ана Пинтер – ПРВА ЛИНИЈА

Press OnlineBy Press Online13 август 2025 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Театарската претстава „Душан“, според драмата „Мистерија Душан Васиљев“ од авторката Дуња Матиќ, во режија на Ана Пинтер, премиерно ќе биде изведена вечер и репризно утревечер на 14 август со почеток од 21 часот.

Овој проект е нова продукција на здружението за култура Атриум, која како што се посочува, претставува продолжување на заедничките напори и придонес на независните чинители кон одржување на вонинституционалната уметничка сцена и соработка помеѓу Македонија и Србија.

Според продуцентот, претставата доближува нелинеарно дејствие коешто прикажува повеќе сегменти од животот на младиот поет Душан, којшто своеволно се пријавува во војна. Преку деконструкција на односите со луѓето околу него, постепено ја градиме сликата за деструктивноста на војната, и одразот којшто таа го има врз човекот.

Авторскиот тим потенцира дека во текот на процесот ги предводело прашањето што еден уметник може да направи со извесно трауматско искуство, но на начин што нема да ја експлоатира трагедијата, ниту пак жртвите, туку достоинствено ќе оддаде почит и спомен на нешто што како човештво не смееме да го повторуваме.

Во претставата играат: Александар Стоименовски, Васко Костовски, Нина Елзесер, Ивица Димитријевиќ. Драматургијата и адаптацијата на македонски јазик ги оствари Калија Киселички, преводот и продукцијата ги реализира Дино Чупевски, додека пак, зад графичкиот дизајн се потпишува илустраторката Матеја Николиќ, а фотографијата е на Александра Костадиновска.

По премиерните изведби, во куќата на The Dude Specialty Coffee на ул. Апостол Гусларот бр.16 во Скопје, ќе следат регуларни изведби во септември, а
понатаму и гостувања во Белград.

Билетите се достапни во ограничен број преку веб-страницата: https://drugastrana.mk/event/dusan/

Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам и Канцеларијата за регионална младинска соработка (РИКО).

 

Поврзани содржини

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026
НАЈНОВО

Четири лица заработија кривични пријави поради грабнување на 23-годишна девојка во Струга

25 јануари 2026

Израелскиот амбасадор во Хрватска: Иранските ракети можат да стигнат до јужна Европа

25 јануари 2026

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.