Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026

Зеленски: Конструктивни разговори со САД и Русија, можни се нови средби наскоро

24 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, јануари 25
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

СДСМ бара разрешување на Ана Михајлов и целосна истрага за скандалите во Еразмус+

Press OnlineBy Press Online14 август 2025 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По огормниот скандал Владата на Христијан Мицкоски мора веднаш да ја разреши в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов, порача на прес-конференција потретседателот на СДММ Јовица Јанковиќ.

„Тоа е основен услов за целосно и непристрасно процесирање на предметот од Јавното обвинителство врз основа на наодите на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами.

Како што јавно објавивме, ОЛАФ наведува злоупотреби во вредност од милиони евра, европски пари.

Во извештајот на ОЛАФ, којшто е јавно објавен, постојат сомнежи дека во периодот кога Михајлов била одговорно лице за евалуаторите, преку вмрежени лица и фирми се злоупотребени над 2 милиони евра.

Иако извештајот е доставен во 2023 година, до ден-денес нема обвинителен акт.

Клучното прашање е дали со назначувањето на Михајлов власта има за цел да ја блокира и влијае на истрагата на ОЈО и ОЛАФ?

Дополнително, веќе објавивме информации од свиркачи за тоа како се доделени преку 8 милиони евра на фирми под крајно сомнителни околности кои мора да се истражат.

Сомнително е и самото поништување на претходниот конкурс кој бил стопиран за да се назначи в.д по мерка на власта.

Владата молчи на прашања зошто изборот е направен без согласност Европската унија и на овој начин?

Очигледно заштитита на своите партиски и бизнис интереси за власта е најважно.

Ова е голем скандал кој мора да биде расчистен.

Европските пари наменети за младите, образованието и развојот не смеат да бидат извор за партиски профит и корупција.

Бараме:

-Владата да ја разреши в.д. директорката Ана Михајлов.

-Итно постапување на Јавното обвинителство врз основа на наодите на ОЛАФ и процесуирање на сите инволвирани лица.

Одговорност мора да има – веднаш и без одложување“, истакна Јанковиќ.

Поврзани содржини

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026

Законското усогласување на минималецот е најдобра опција за експертите

24 јануари 2026
НАЈНОВО

Системот „Безбеден град“ не познава имиња, функции или позиции, туку евидентира прекршок

25 јануари 2026

Нови мерки ја ограничуваат слободата на движење за руските дипломати во ЕУ

25 јануари 2026

Додик: БиХ е распадната држава, нема историска причина за нејзиното постоење

25 јануари 2026

Претежно облачно, температурите до 12 степени

25 јануари 2026

Зеленски: Конструктивни разговори со САД и Русија, можни се нови средби наскоро

24 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.