Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Земјотрес од 6,9 степени во Чиле

27 мај 2026

Трагичен викенд на плажите: Двајца пливачи загинаа во Франција, повеќе од 30 спасени од морето

27 мај 2026

Трамп (79) денеска оди на лекарски преглед

27 мај 2026

Мицкоски и Пленковиќ во Охрид: Потпишан Договор за стратешка соработка и Меморандум за енергетика меѓу Македонија и Хрватска

27 мај 2026

Израелскиот премиер хоспитализиран поради стоматолошка интервенција

27 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Абутрика: Израел уби 420 фудбалери, исклучете ги!

Press OnlineBy Press Online14 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

9

Легендарниот египетски фудбалер Мохамед Абутрика, кој оствари троцифрен број настапи за репрезентацијата, даде изјава која одекна во фудбалскиот свет, а се однесува на израелскиот геноцид врз невините луѓе во Газа и американската организација на Светското првенство.

Абутрика, второпласиран во 2008 година во изборот за најдобар фудбалер на Африка, го коментираше натпреварот помеѓу „Кристал Палас“ и „Ливерпул“.

Сепак, освен самата игра, тој се осврна и на моменталната ситуација во светот. Тој ги повика ФИФА и УЕФА да го исклучат Израел од натпреварувањето, како што беше направено со Русија, но и да им го одземат правото на САД да бидат домаќини на следното Светско првенство.

„Израел уби 760 палестински спортисти, вклучувајќи 420 фудбалери, додека 140 фудбалски објекти беа уништени. ФИФА и УЕФА веднаш ја блокираа Русија поради војната во Украина. Кога ќе биде исклучен Израел и окупацијата ќе заврши? Не сакаме само зборови, сакаме реални дела“, рече Абутрика за време на преносот во живо.

Потоа се осврна на Доналд Трамп и САД, кого го гледа како главен соучесник во повеќе од 60.000 пријавени смртни случаи во Газа од октомври 2023 година.

„Порака – не славете со агентот за недвижнини (Доналд Трамп) на подиумот во финалето на Светското клупско првенство со рацете извалкани со палестинска крв. Франција, Обединетото Кралство и Германија почнуваат да ги мијат рацете од израелските злосторства. Ова е окупација и постои отпор што ја брани својата земја“, вели Абутрика, завршувајќи со порака за врвот на светскиот фудбал:

„Ако ФИФА и УЕФА се сериозни, тие мора да ги забранат израелските тимови. Во спротивно, тие се соучесници, како и ние, ако молчиме“, заклучи тој.

Да се потсетиме, Абутрика ја помина својата кариера играјќи за два египетски клуба и постигна речиси 200 гола во нив. Тој одигра 100 натпревари за репрезентацијата и постигна 38 голови, а кариерата ја заврши во 2013 година.

Поврзани содржини

Мицкоски и Пленковиќ во Охрид: Потпишан Договор за стратешка соработка и Меморандум за енергетика меѓу Македонија и Хрватска

27 мај 2026

Битиќи: Новата Фискална стратегија ги легитимира задолжувањата – за пет години само каматите се 2,74 милијарди евра

27 мај 2026

Николоски и Бутковиќ во Охрид: Решен проблемот со визите за македонските превозници во Хрватска

27 мај 2026
НАЈНОВО

Земјотрес од 6,9 степени во Чиле

27 мај 2026

Трагичен викенд на плажите: Двајца пливачи загинаа во Франција, повеќе од 30 спасени од морето

27 мај 2026

Трамп (79) денеска оди на лекарски преглед

27 мај 2026

Мицкоски и Пленковиќ во Охрид: Потпишан Договор за стратешка соработка и Меморандум за енергетика меѓу Македонија и Хрватска

27 мај 2026

Израелскиот премиер хоспитализиран поради стоматолошка интервенција

27 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.