Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Земјотрес од 6,9 степени во Чиле

27 мај 2026

Трагичен викенд на плажите: Двајца пливачи загинаа во Франција, повеќе од 30 спасени од морето

27 мај 2026

Трамп (79) денеска оди на лекарски преглед

27 мај 2026

Мицкоски и Пленковиќ во Охрид: Потпишан Договор за стратешка соработка и Меморандум за енергетика меѓу Македонија и Хрватска

27 мај 2026

Израелскиот премиер хоспитализиран поради стоматолошка интервенција

27 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година

Press OnlineBy Press Online14 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за образование и наука информира дека од утре почнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година. Во  повикот објавен од МОН се наведени условите и начинот на аплицирање.  Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2025/2026 година е до 5 септември 2025.

Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври.

Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, а на повикот може да се пријават сите редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на јавните и приватните универзитети во државата. Апликантите треба да се државјани на Република Северна Македонија и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

При поднесувањето на апликацијата, студентите задолжително пополнети и потпишани ги прикачуваат и обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк. МОН по службена должност ги обезбедува сите останати докази за исполнетост на условите, кои ги поседуваат МВР, УЈП и студентските служби на факултетите.

-Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, може да се обрати до Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk, наведува МОН.

За реализација на исплатите за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука склучи договор со Шпаркасе банка АД Скопје. Сите студенти кои ќе се стекнат со ова право, за што ќе бидат известени од МОН по електронски пат, ќе треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка.

-Можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк ќе биде отворена во периодот од 1-ви до 5-ти секој месец од академската 2025/2026 година и тоа за пријавување на студентите кои не го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк по Јавниот повик или чие право престанало поради неисполнување на некој од критериумите, тогаш кога повторно ќе ги исполнуваат, информира Министерството за образование и наука.

Поврзани содржини

Мицкоски и Пленковиќ во Охрид: Потпишан Договор за стратешка соработка и Меморандум за енергетика меѓу Македонија и Хрватска

27 мај 2026

Битиќи: Новата Фискална стратегија ги легитимира задолжувањата – за пет години само каматите се 2,74 милијарди евра

27 мај 2026

Николоски и Бутковиќ во Охрид: Решен проблемот со визите за македонските превозници во Хрватска

27 мај 2026
НАЈНОВО

Земјотрес од 6,9 степени во Чиле

27 мај 2026

Трагичен викенд на плажите: Двајца пливачи загинаа во Франција, повеќе од 30 спасени од морето

27 мај 2026

Трамп (79) денеска оди на лекарски преглед

27 мај 2026

Мицкоски и Пленковиќ во Охрид: Потпишан Договор за стратешка соработка и Меморандум за енергетика меѓу Македонија и Хрватска

27 мај 2026

Израелскиот премиер хоспитализиран поради стоматолошка интервенција

27 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.