Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Канада воведува привремена забрана за влез за жители на три африкански држави како мерка за заштита од ебола

27 мај 2026

Земјотрес од 6,9 степени во Чиле

27 мај 2026

Трагичен викенд на плажите: Двајца пливачи загинаа во Франција, повеќе од 30 спасени од морето

27 мај 2026

Трамп (79) денеска оди на лекарски преглед

27 мај 2026

Мицкоски и Пленковиќ во Охрид: Потпишан Договор за стратешка соработка и Меморандум за енергетика меѓу Македонија и Хрватска

27 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Во тек на минатата недела УЈП спроведе 383 контроли за фискализација

Press OnlineBy Press Online15 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во периодот од 04.08 до 10.08 2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 383 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарница, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало.

Контролите беа реализирани низ државата во повеќе градови, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период има зголемена фреквенција на туристи.

Од вкупно 383 контролирани субјекти, кај 27%  односно кај 106 од контролираните субјекти  биле  констатирани неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински промет.

За утврдените неправилности донесени се 106 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот.

За пет субјекти поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување).

Анализата на спроведените контроли и утврдените неправилности по градови е следна:

•              Во Струга, Охрид и Битола извршени се 124 контроли, а утврдени се 21 неправилности,  од кои 5 неправилности во Струга, 10 во Охрид и 6 во Битола ;

•              Во Прилеп, Неготино, Кавадарци и Велес извршени се 20 контроли, a утврдени се 10 неправилности , од кои 3 во Прилеп, 1 во Неготино, 3 во Кавадарци и 3 во Велес;

•              Во Тетово, Гостивар, Маврово и Дебар извршени се 126 контроли, а утврдени се 61 неправилност, од кој 34 во Тетово, 25 во Гостивар, 1 во Маврово и 1 во Дебар;

•              Во Куманово извршени се 51 контроли, а утврдени се 6 неправилности;

•              Радовиш, Струмица, Дојран, Валандово, Делчево и Гевгелија извршени се 62 контроли, а утврдени се 8 неправилности, од кои 3 во Радовиш, 3 во Струмица и 2 во Дојран.

Апелираме до сите даночни обврзници да постапуваат совесно и согласно законските прописи, со цел да придонесат кон зајакнување на даночната усогласеност и унапредување на даночната дисциплина во државата.

Управата за јавни приходи врз основа на извршените контроли согласно Закон за регистрирање на готовински плаќања, ќе врши вкрстени проверки со цел да ја провери веродостојноста на искажаните приходи кај даночните обврзници.

Издавањето фискални сметки и користењето мобилни фискални апарати не претставуваат само законска обврска – туку и клучен чекор кон правично, транспарентно и одговорно деловно опкружување. Управата за јавни приходи останува цврсто посветена на доследна примена на законите и обезбедување еднаков третман за сите даночни обврзници.

Поврзани содржини

Мицкоски и Пленковиќ во Охрид: Потпишан Договор за стратешка соработка и Меморандум за енергетика меѓу Македонија и Хрватска

27 мај 2026

Битиќи: Новата Фискална стратегија ги легитимира задолжувањата – за пет години само каматите се 2,74 милијарди евра

27 мај 2026

Николоски и Бутковиќ во Охрид: Решен проблемот со визите за македонските превозници во Хрватска

27 мај 2026
НАЈНОВО

Канада воведува привремена забрана за влез за жители на три африкански држави како мерка за заштита од ебола

27 мај 2026

Земјотрес од 6,9 степени во Чиле

27 мај 2026

Трагичен викенд на плажите: Двајца пливачи загинаа во Франција, повеќе од 30 спасени од морето

27 мај 2026

Трамп (79) денеска оди на лекарски преглед

27 мај 2026

Мицкоски и Пленковиќ во Охрид: Потпишан Договор за стратешка соработка и Меморандум за енергетика меѓу Македонија и Хрватска

27 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.