Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Земјотрес од 6,9 степени во Чиле

27 мај 2026

Трагичен викенд на плажите: Двајца пливачи загинаа во Франција, повеќе од 30 спасени од морето

27 мај 2026

Трамп (79) денеска оди на лекарски преглед

27 мај 2026

Мицкоски и Пленковиќ во Охрид: Потпишан Договор за стратешка соработка и Меморандум за енергетика меѓу Македонија и Хрватска

27 мај 2026

Израелскиот премиер хоспитализиран поради стоматолошка интервенција

27 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Советот на Народната банка донесе одлуки за унапредување на заштитата на потрошувачите на финансиски услуги

Press OnlineBy Press Online15 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На својата последна седница, Советот на Народната банка усвои четири значајни одлуки насочени кон зајакнување на системот за заштита на потрошувачите, коишто треба да обезбедат поголема транспарентност, фер практики и ефикасно постапување по поплаките на граѓаните од страна на банките и штедилниците, како и соодветни контролни механизми од страна на Народната банка во оваа област.

Со Одлуката за обезбедување јасни, релевантни и навремени информации за производите и услугите, којашто беше усвоена од Советот, се воведува задолжителна обврска за банките да обезбедуваат точни, разбирливи и навремени информации на потрошувачите, особено пред склучувањето договори за кредити и депозити. Информациите треба да дадат јасни насоки во однос на основните придобивки, ризиците и условите за користење на производот или на услугата, вклучително и за трошоците поврзани со финансиските производи и услуги.

Со усвоената Одлука за обезбедување фер и транспарентен пристап при склучување и примена на договорите со потрошувачите се воспоставуваат стандарди за фер пристап кон потрошувачите, како и забрана за нефер, измамнички и агресивни деловни практики. Воедно, се дефинираат основните можни ризиците кои треба јасно да им бидат објаснети на потрошувачите пред склучување на договор, а банките се задолжуваат да донесат интерни акти со кои ќе обезбедат фер практика и недискриминација, вклучително и во однос на потрошувачите со попреченост.

Одлуката за воспоставување систем за прием, евиденција и правично постапување со поплаките на потрошувачите го уредува начинот на поднесување, прием и разгледување на поплаки во банките, како и обврска за почитување на рокови за одговарање на поплаките и формирање посебна организациска единица или назначување лице задолжено за заштита на потрошувачите во банките и штедилниците.

Одлуката за начинот на вршење контрола над работењето на финансиските институции во доменот на заштитата на потрошувачите ги пропишува основните видови на контроли во доменот на заштита на потрошувачите. Покрај теренски и вонтеренски контроли, се предвидуваат и хоризонтални контроли на одредена тема кај сите банки и штедилници, како и контрола преку „таинствено купување“ по примерот на напредните европски практики.

Со овие четири одлуки, Народната банка поставува правила и механизми за подобра заштита на правата и интересите на потрошувачите, придонесувајќи кон потранспарентна и пофер средина за користење на финансиските услуги, како и поголема финансиска инклузија.

Поврзани содржини

Мицкоски и Пленковиќ во Охрид: Потпишан Договор за стратешка соработка и Меморандум за енергетика меѓу Македонија и Хрватска

27 мај 2026

Битиќи: Новата Фискална стратегија ги легитимира задолжувањата – за пет години само каматите се 2,74 милијарди евра

27 мај 2026

Николоски и Бутковиќ во Охрид: Решен проблемот со визите за македонските превозници во Хрватска

27 мај 2026
НАЈНОВО

Земјотрес од 6,9 степени во Чиле

27 мај 2026

Трагичен викенд на плажите: Двајца пливачи загинаа во Франција, повеќе од 30 спасени од морето

27 мај 2026

Трамп (79) денеска оди на лекарски преглед

27 мај 2026

Мицкоски и Пленковиќ во Охрид: Потпишан Договор за стратешка соработка и Меморандум за енергетика меѓу Македонија и Хрватска

27 мај 2026

Израелскиот премиер хоспитализиран поради стоматолошка интервенција

27 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.