Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Сива демографска слика за ЕУ: Бројот на население ќе се намали за 11,7 отсто до 2100 година

27 мај 2026

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на „Бехтел и Енка“

27 мај 2026

За Еди Рама не е проблем ако Албанија нема право на вето во ЕУ

27 мај 2026

Честитка од Филипче за Курбан Бајрам: Силата е во хуманоста и подготвеноста заеднички да ги надминеме предизвиците

27 мај 2026

Исланд оди кон ЕУ или кон „Брегзит“ со референдумот?

27 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

УЈП детектира ризици во градежниот сектор, плаќања во кеш-договори со нереално ниска вредност

Press OnlineBy Press Online17 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Градежништвото е високоризичен сектор од аспект на даночна дисциплина. Договори со нереално ниска продажна вредност, непријавени вработувања и ангажмани, значителни разлики меѓу реалниот обем на изградба и пријавените приходи од продажба, зачестено плаќање во готово. Ова се дел од потенцијалните ризици врз даночните приходи кои ги детектираше Управата за јавни приходи. Со „Планот за подобрување на усогласеноста во градежниот сектор“ Управата од јануари годинава ги засили контролите во градежниот сектор. На 318 компании им пратила известувања да си ги коригираат неправилностите.

-Во овој сектор постојат ризици коишто може да доведат до неточно плаќање на даноците, особено преку непријавување и нецелосно пријавување на приходите од продажбата – на пример, заради продажба на становите со плаќање во кеш, неточно искажување или нереално искажување на продажните цени во склучените договори, можности за злоупотреба на законското ослободување од ДДВ доколку првиот промет на станот се изврши после истекот на 5 години од изградбата итн, изјави Елена Петрова, директорка на УЈП.

Гувернерот Трајко Славески минатиот месец најави мерки за како што кажа шпекулативниот раст на цените на становите. Рече дека половина од становите се купуваат во кеш. Градежниците кои ги контактиравме појаснуваат дека проблемите доаѓаат од човек фирми кои градат станови.

А нема анализа колкава е даночната евазија, односно колку помалку пари легнале на сметка на буџетот поради неточни даночни пријави во овој сектор. Директорката Петрова вели тоа допрва ќе се истражува.

–Тоа ни се индикатори поради што покренуваме вакви поконкретни мерки во кои што ќе ги детектираме тие неправилности и колку на пример во однос на вашите прашања, колку можат да бидат непријавените приходи кои може да се одмерат нели доколку се земе во предвид обемот на изградбата од една страна, набавките на, влезните набавки на материјали и слично. Користени услуги од страна на изведувачи од една страна од друга страна реализираните приходи од продажбите, изјави Елена Петрова, директорка на УЈП.

Според податоците на Народната банка во вториот квартал годинава цените на становите пораснале за 22,3 проценти.

А дека наголемо се градат станови потврдува и статистиката. Во јуни биле издадени 213 одобренија за градење, или за 15,1% повеќе од истиот месец лани. Најмногу одобренија 120 се дадени за изградба на згради. На 110 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 103 објекти инвеститори се деловни субјекти.

Поврзани содржини

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на „Бехтел и Енка“

27 мај 2026

Честитка од Филипче за Курбан Бајрам: Силата е во хуманоста и подготвеноста заеднички да ги надминеме предизвиците

27 мај 2026

Гаши го честита Курбан Бајрам: Обнова на највисоките вредности на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит

27 мај 2026
НАЈНОВО

Сива демографска слика за ЕУ: Бројот на население ќе се намали за 11,7 отсто до 2100 година

27 мај 2026

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на „Бехтел и Енка“

27 мај 2026

За Еди Рама не е проблем ако Албанија нема право на вето во ЕУ

27 мај 2026

Честитка од Филипче за Курбан Бајрам: Силата е во хуманоста и подготвеноста заеднички да ги надминеме предизвиците

27 мај 2026

Исланд оди кон ЕУ или кон „Брегзит“ со референдумот?

27 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.