Дождот кој вчера попладне заврна придонесе во гаснењето на пожарот во ловиштето „Јасен“, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
„Иако за жал во текот на ноќта детектиравме нови пламени јазици на еден дел од ловиштето, не можам да кажам дека пожарот е целосно изгаснат, но е под контрола“, истакна тој.
Пожарот е лоциран на територијата на Општина Македонски Брод, во повеќенаменското подрачје „Јасен“, каде што е зафатена мешана шума.

