Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Сива демографска слика за ЕУ: Бројот на население ќе се намали за 11,7 отсто до 2100 година

27 мај 2026

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на „Бехтел и Енка“

27 мај 2026

За Еди Рама не е проблем ако Албанија нема право на вето во ЕУ

27 мај 2026

Честитка од Филипче за Курбан Бајрам: Силата е во хуманоста и подготвеноста заеднички да ги надминеме предизвиците

27 мај 2026

Исланд оди кон ЕУ или кон „Брегзит“ со референдумот?

27 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, мај 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

„Кралицата на кетаминот“ се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

Press OnlineBy Press Online20 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

19

Џасвин Санга, позната по прекарот „Кралица на кетаминот“, обвинета за продажба на дрога на американскиот актер Метју Пери, што довело до неговата смрт, денес се изјасни за виновна.

Санга е петтиот и последен обвинет во случајот со фатално предозирање на ѕвездата од „Пријатели“, која постигна договор за признавање на вина со федералните обвинители за да избегне судење кое беше закажано за септември, објавиja американските медиуми.

Таа се согласи да се изјасни за виновна по пет федерални кривични обвиненија, вклучително и снабдување со кетамин што довело до смртта на Пери, соопштија федералните обвинители.

Обвинителството ја прикажа Санга, 42-годишна државјанка на САД и Велика Британија, како успешен дилер на дрога позната како „Кралица на кетаминот“.

Санга призна дека претходно продала четири ампули кетамин на Коди Меклори, човек кој немал никаква врска со Пери, но кој исто така починал од предозирање со кетамин во 2019 година.

Обвинителите ќе отфрлат уште три обвиненија за дистрибуција на кетамин и едно обвинение за дистрибуција на метамфетамин кое не е поврзано со случајот на Пери.

Пери се борел со зависност со години, уште од времето кога глумел во ситкомот „Пријатели“, каде што стана една од најголемите ѕвезди на неговата генерација како Чендлер Бинг.

Санга може да се соочи со затворска казна до 45 години.

Поврзани содржини

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на „Бехтел и Енка“

27 мај 2026

Честитка од Филипче за Курбан Бајрам: Силата е во хуманоста и подготвеноста заеднички да ги надминеме предизвиците

27 мај 2026

Гаши го честита Курбан Бајрам: Обнова на највисоките вредности на солидарноста, разбирањето и меѓусебната почит

27 мај 2026
НАЈНОВО

Сива демографска слика за ЕУ: Бројот на население ќе се намали за 11,7 отсто до 2100 година

27 мај 2026

Левица: Две години МВР со Тошковски не постапува за криминалот со надзорот на „Бехтел и Енка“

27 мај 2026

За Еди Рама не е проблем ако Албанија нема право на вето во ЕУ

27 мај 2026

Честитка од Филипче за Курбан Бајрам: Силата е во хуманоста и подготвеноста заеднички да ги надминеме предизвиците

27 мај 2026

Исланд оди кон ЕУ или кон „Брегзит“ со референдумот?

27 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.