Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

26 јуни 2026

Горат гуми кај обиколницата во Бутел, на терен се пожарникари

26 јуни 2026

Гебреисус: Горештините се закана по јавното здравје и имаат смртоносен потенцијал

26 јуни 2026

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?

26 јуни 2026

Филипче: Страста и мотивот кај мене е подобар живот за луѓето и иднина за државата

26 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Граѓаните должат 4,3 милијарди евра во банките

Press OnlineBy Press Online21 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Дел од граѓаните се задолжуваат, а  дел штедат пари на сметка во банка. Податоците на Народната банка покажуваат дека во јули годинава има годишен раст од 13 проценти и на кредитите и на депозитите. Вкупните кредити во домашните банки во јули достигнаа над 8,54 милијарди евра. Граѓаните се задолжени со вкупно 4,3 милијарди евра, а речиси исто толку 4,2 милијарди е задолжувањето преку кредити на компаниите.

„Во јули 2025 година, вкупните кредити забележаа месечен раст од 0,6%, како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, коешто е поизразено кај секторот „домаќинства“. Годишниот раст изнесува 13,0% и се должи на повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор“, велат од НБРМ.

Податоците на Народната банка покажуваат дека од 4,3 милијарди евра колку што се задолжени граѓаните во банки, најголем дел – половината или 2,21 милијарди евра се за потрошувачки кредити, 1,66 милијарди евра за станбени кредити. Останатото задолжување е за автомобилски кредити, на кредитни картички и негативни салда по тековни сметки.

И овој месец граѓаните најмногу се задолжувале со потрошувачките и станбените кредити, кај кои е забележан месечен раст од 1%,додека на годишно ниво кај потрошувачките кредити зголемувањето е од  9,8%, а кај станбените 15,3%.

На другата страна пак се заштедите. Вкупните депозити  достигнаа 10 милијарди евра, од кои 6,76 милијарди евра се заштеди на домаќинствата, а 2,87 милијарди се заштедите на компаниите.

„Во јули, вкупните депозити остварија месечно и годишно зголемување од 0,6% и 13,0%, соодветно. Притоа, месечната и годишната промена во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор“, велат од Народна банка.

Годишниот раст на заштедите на  домаќинствата е 13,3 проценти, а на корпоративниот сектор 14,5 проценти.

Поврзани содржини

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

26 јуни 2026

Горат гуми кај обиколницата во Бутел, на терен се пожарникари

26 јуни 2026

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?

26 јуни 2026
НАЈНОВО

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

26 јуни 2026

Горат гуми кај обиколницата во Бутел, на терен се пожарникари

26 јуни 2026

Гебреисус: Горештините се закана по јавното здравје и имаат смртоносен потенцијал

26 јуни 2026

Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?

26 јуни 2026

Филипче: Страста и мотивот кај мене е подобар живот за луѓето и иднина за државата

26 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.