Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Ангажирани два армиски хеликоптери за пожарот на Јабланица

14 март 2026

ВМФЛ: Брегалница мора до трите бода, лидерот на тешко гостување во Гевгелија

14 март 2026

Умерено облачно со сончеви периоди

14 март 2026

Пораз на Македонија У16 на вториот дуел против Летонија

14 март 2026

Измамен битолчанец за 340.000 денари, разговарал со лажен директор на компанија што тргува со крипто валути

13 март 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, март 14
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Експерти ќе им помагаат на руралните општини

Press OnlineBy Press Online29 август 2025 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерството за локална самоуправа ќе формира ресурсен центар составен од различни експерти, за да им помогне на руралните општини кои немаат доволно човечки ресурси. Министерот Златко Перински изјави дека овој експертски тим ќе се ангажира во неколку области каде што има недостиг од вработени за извршување на административни и технички услуги за граѓаните.

„Ова ќе биде тело што ќе започне да се интегрира врз основа на проекти и потоа ќе го анализираме во рамките на Министерството за локална самоуправа. Една од активностите на ресурсниот центар ќе биде можноста општините, во зависност од своите ресурси и надлежности, да побараат помош и поддршка од експерти за надминување на проблеми во моменти кога немаат човечки капацитет за тоа“, изјави Златко Перински, министер за локална самоуправа.

Перински објасни дека центарот е формиран на барање на општините, кои немаат доволно човечки ресурси, па овој тим ќе одговара на дневна основа на техничките и административните барања на граѓаните кои не можат да се исполнат од постојниот општински кадар.

„Во изминатиот период се соочивме со проблем кој најмногу се јавуваше во малите рурални општини. Нема да кажам која, но имаше општина што не можеше да го изготви буџетот за следната година, бидејќи во тој момент немаше соодветен кадар. Единствениот вработен што го имаа беше отсутен поради боледување или други причини, не се сеќавам точно, и тука требаше ние да интервенираме преку испраќање експерти за да помогнеме во општинската администрација за надминување на тие предизвици“, изјави Златко Перински, министер за локална самоуправа.

Перински рече дека центарот треба да се замисли како институционален механизам, кој ќе овозможи долгорочна, одржлива и стручна поддршка за општините.

Поврзани содржини

Ангажирани два армиски хеликоптери за пожарот на Јабланица

14 март 2026

Умерено облачно со сончеви периоди

14 март 2026

Измамен битолчанец за 340.000 денари, разговарал со лажен директор на компанија што тргува со крипто валути

13 март 2026
НАЈНОВО

Ангажирани два армиски хеликоптери за пожарот на Јабланица

14 март 2026

ВМФЛ: Брегалница мора до трите бода, лидерот на тешко гостување во Гевгелија

14 март 2026

Умерено облачно со сончеви периоди

14 март 2026

Пораз на Македонија У16 на вториот дуел против Летонија

14 март 2026

Измамен битолчанец за 340.000 денари, разговарал со лажен директор на компанија што тргува со крипто валути

13 март 2026
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.