Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Тешко е да се опише колку е корумпиран Трамп. Најголемата истрага досега објавена

16 мај 2026

(Видео) Објавена снимка од излетувањето на авионот на „Кроација ерлајнс“ во Сплит

16 мај 2026

СДСМ: Како изгледа бизнисот на Максо и неговиот кум, 350.000 чист профит преку ноќ

16 мај 2026

Швајцарија отвора тајни досиеја за Менгеле, „Ангелот на смртта“ од Аушвиц

16 мај 2026

Две девојки прегазени на „Радишанска“, возачот побегнал

16 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 16
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Со учебници за сите, подобрена инфраструктура, вештачка интелигенција во наставата започнува новата учебна година

Press OnlineBy Press Online31 август 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Утре започнува новата учебна 2025-2026 година. Настава ќе има до 10 јуни, а исклучок ќе бидат матурантите за кои редовните часови ќе траат до 15 мај. Обезбедени се учебници за сите ученици, а за прв пат по седум години ќе има и учебници по странските јазици. Во повеќе училишта условите за настава се значително подобрени, а инклузијата е подигната со ангажирање на зголемен број образовни асистенти во основното, но и за прв пат во средното образование. Учениците ќе се запознаваат со придобивките од вештачката интелигенција и ќе учат етички да ја користат за образовни цели.

Ова се новините на кои Министерството за образование и наука работеше во изминатиот период и на кои се осврна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната прес конференција, на која посочи дека очекува повисок квалитет на наставниот процес во споредба со изминатите години.

„Втора учебна година по ред започнува со учебници за сите ученици. Целосно нови учебници има за седмо одделение во основното образование и за прва година во гимназиите, поради примената на нови наставни програми и најавувам дека овој процес на обнова на наставните содржини ќе има континуитет. За прв пат после седум години, учениците ќе добијат и учебници по странски јазици – англиски, француски, германски и италијански јазик“, рече Јаневска, нагласувајќи дека сите се испечатени и над 90% од тиражот е веќе испорачан.  

Министерката нагласи дека со нов Закон за учебници во чија изработка учествуваа сите засегнати чинители, меѓу кои и сите издавачки куќи во Македонија, системски е решен предизвикот со учебниците кој се провлекуваше со години. Повеќе нема предмети во основното образование без учебници, нема користење на учебници без склучени договори и регулирани авторски права и нема доцнење на испораката со месеци.

Направеи се и крупни инвестиции за подобрување на образовната инфраструктура. Во период од една година отпочнат е инвестициски циклус од 67 милиони евра. Дел од градежните проекти се завршени, а дел во фаза на реализација.

Јаневска рече дека започнува примената на нов електронски дневник кој има значително подобри перформанси од претходниот и наставниците ќе можат да се најават и пополнуваат податоци во секој момент.

„Вештачката интелигенција влегува во наставата. Со задоволство споделувам дека е изготвен сеопфатен прирачник за едукација и на наставници и на ученици, со јасни инструкции за етичка и ефикасна примена на новите технолошки алатки за образовни цели“, рече министерката, изразувајќи благодарност до професорите од Факултетот за информатика во Штип. Најави и обуки за наставниците, кои ќе следат на самиот почеток на учебната година.

Значително се подигнува и инклузивноста на образовниот систем. Освен 1346 образовни асистенти во основните училишта, за прв пат, образовна асистенција ќе добијат и средношколците со посебни образовни потреби, а нив ќе им помагаат 130 образовни асистенти. За прв пат е воведено и формално образование за децата на долготрајно болничко лекување и тие повеќе нема да губат настава. Зависно од нивната состојба ќе можат да се вклучуваат онлајн во својот клас или пак, наставникот индивидуално ќе работи со нив.

„Верувам во квалитетите на наставниците и очекувам мотивирани да ја започнат новата учебна година, во која секако, ќе имаат и ново зголемување на платите, онака како што се договоривме пред 1 година, од 7,5% до 10% во зависност од степенот на инфлацијата, за да имаме реален раст без манипулации како што тоа го правеа претходните структури“, додаде Јаневска.  

Во новата учебна година, обезбедена е поголема поддршка за талентираните ученици, односно целосно покривање на трошоците за учество на меѓународни научни олимпијади. А за сите ученици е овозможено професионално, односно кариерно насочување.

Според досега доставените податоци од општините, учебната година ја започнуваат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци.

Поврзани содржини

(Видео) Објавена снимка од излетувањето на авионот на „Кроација ерлајнс“ во Сплит

16 мај 2026

СДСМ: Како изгледа бизнисот на Максо и неговиот кум, 350.000 чист профит преку ноќ

16 мај 2026

Две девојки прегазени на „Радишанска“, возачот побегнал

16 мај 2026
НАЈНОВО

Тешко е да се опише колку е корумпиран Трамп. Најголемата истрага досега објавена

16 мај 2026

(Видео) Објавена снимка од излетувањето на авионот на „Кроација ерлајнс“ во Сплит

16 мај 2026

СДСМ: Како изгледа бизнисот на Максо и неговиот кум, 350.000 чист профит преку ноќ

16 мај 2026

Швајцарија отвора тајни досиеја за Менгеле, „Ангелот на смртта“ од Аушвиц

16 мај 2026

Две девојки прегазени на „Радишанска“, возачот побегнал

16 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.