Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

26 мај 2026

Tехнолошкиte компании ги кријат еколошките трошоци за вештачката интелигенција

26 мај 2026

Драгољуб Миќуновиќ, филозоф и борец за демократска Србија, почина на 96 години

26 мај 2026

Грција нема да воведе данок за празни станови

26 мај 2026

Воз удри во школски автобус во белгија – има загинати

26 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, мај 26
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ЕУ ги ослободи средствата од првата транша за Северна Македонија

Press OnlineBy Press Online1 септември 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со Одлука за спроведување на Европската комисија за одобрување на првото ослободување на средства за Република Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, беше одобрена првата исплата на средства за нашата земја.  Со оваа Одлука одобрени се нето-износ од околу 2.3 милиони евра како неповратна помош и како нето износ од околу 2 милиони евра како заем кои ќе бидат достапни преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и нето износ од околу 3.7 милиони евра што го претставува преостанатиот дел од заемот наменет за директна буџетска поддршка. Во оваа сума не се вклучени околу 3,6 милиони евра кои се наменети за порамнување на дел од средствата кои државата претходно ги доби како претфинансирање

Средствата се обезбедени по доставеното Барање од страна на министерот за европски прашања Орхан Муртезани, кој како Национален координатор за Инструментот за реформи и раст, во име на Владата на Република Северна Македонија, а преку Министерството за европски прашања, ја достави целокупната документација за чекорите од Реформската агенда 2024–2027, со рок на реализација декември 2024 година (односно февруари 2025 година). Барањето ги опфаќаше реформите во повеќе области: во делот управување со јавни финансии беа предвидени законски измени за поефикасно и транспарентно буџетско управување. Во областа енергетика беа воспоставени нови управувачки структури за спроведување на планот за праведна транзиција. Во областа деловна средина беа воведени нови правила за независност во управувањето со државните компании. Во областа владеење на правото беа предвидени мерки за редовно пополнување на позициите на судии и јавни обвинители согласно долгорочните проекции на надлежните совети

Според оценката на Европската комисија целосно исполнети се два чекори: донесувањето на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и измените на Законот за трговски друштва. Ова претставува 40 проценти реализација на чекорите односно 50 проценти во однос на средствата. За преостанатите чекори, Комисијата констатира дека не се целосно реализирани и за нив е предвиден грејс период до 24 месеци за односно до декември 2026 година. Тоа значи дека државата има дополнително време за нивна реализација и ослободување на останатите средства од вкупните алоцирани средства кои се во висина од околу 17,1 милиони евра.

Поврзани содржини

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

26 мај 2026

Грција нема да воведе данок за празни станови

26 мај 2026

(ВИДЕО) Снимен обид за барање мито од страна на македонски цариници на граничен премин

26 мај 2026
НАЈНОВО

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

26 мај 2026

Tехнолошкиte компании ги кријат еколошките трошоци за вештачката интелигенција

26 мај 2026

Драгољуб Миќуновиќ, филозоф и борец за демократска Србија, почина на 96 години

26 мај 2026

Грција нема да воведе данок за празни станови

26 мај 2026

Воз удри во школски автобус во белгија – има загинати

26 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.