Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Иран се согласи да го пренесе збогатениот ураниум во Кина

25 мај 2026

Видео: Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе

25 мај 2026

Неможам да кажам зошто МВР не дала снимки од видеонадзорот и зошто ЈО оди со детали во јавност вели Тошковски за 360 и „фрли“ сомнеж врз обвинителот

25 мај 2026

Тревога за ебола во Италија: Два сомнителни случаи по враќањето од Уганда

25 мај 2026

Рамуш Харадинај се повлече по 26 години, Ардијан Џини е нов претседател на Алијансата за иднината на Косово

25 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 25
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ВМРО-ДПМНЕ бара комисијата за надзор над АНБ да направи увид во службите

Press OnlineBy Press Online3 септември 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Веднаш да се свика Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање и да се направи увид во тоа дали и на кој начин се правела злоупотреба на системот. Ова го побара пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Пренџов кој рече дека Комисијата треба детално да ги истражи околностите под кои се правени прислушувања и следења.

„Целта е на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани. Овие случувања веќе предизвикаа силна вознемиреност во јавноста и ја поткопуваат демократијата и довербата во институциите кои што се надлежни за заштита на националната безбедност.“, рече Пренџов.

Претседателот на Комисијата Скендер Реџепи истакна дека тој нема да свика седница се додека не го добие потребниот безбедносен сертификат за кој и по скоро 10 месеци нема никаков одговор од надлежните зошто не му го даваат. Додека сум јас претседател нема да ја закажам, а тоа може да го направи и собранискиот спикер Гаши, рече тој.

„Која би била логиката претседателот на Комисијата да не може да присуствува на една таква Комисија или таков претрес во службите. Тие имаат можност, претседателот на Собранието има таква можност да свика Комисија надвор од мојата надлежност тоа го направија веќе еднаш во текот на годината нека проверат нека го направат истото, јас не можам да им забранам согласно Деловникот на Собранието. Меѓутоа јас нема да паѓам на тоа ниво да бидам служба на луѓе кои што ќе надгледуваат надвор од мојата можност.“, изјави Реџепи.

Еден од оние за кои има сомневање дека бил следен од безбедносните служби е и Оливер Спасовски кој во тоа време беше министер за внатрешни работи. Тој бара итно декласифицирање на сите документи за следење и прислушување и повикува на одговорност.

„Ние немаме базични информации околу оваа ситуација. Дали, кој, кога, за што, кои биле оперативните акции, имало ли оперативна акција, немало оперативна акција, гледате се појавуваат и попречни информации од високите носители на функции. Затоа што сметам дека не треба сето ова да се користи за маркетинг и политички пресметки а да не биде утврдено. Јас сакам да биде утврдено и ако постои било каква злоупотреба секој кој што тоа го правел да си носи одговорност.“, изјави Спасовски.

Засега се тврди дека прислушувани и следени биле тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот на партијата Александар Николовски, Драган Ковачки, Оливер Спасовски, Вилма Рускоска, како и уредници и новинари на повеќе медиуми. Според неофицијални информации незаконското прислушување и следење од АНБ наводно се случило во периодот од 2019 до 2024 година. Во тоа време директор беше Виктор Димовски кој вчера побара декласифицирање на документите.

Поврзани содржини

Видео: Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе

25 мај 2026

Неможам да кажам зошто МВР не дала снимки од видеонадзорот и зошто ЈО оди со детали во јавност вели Тошковски за 360 и „фрли“ сомнеж врз обвинителот

25 мај 2026

Зошто ОЈО ГОКК се жали дека МВР не одговара на наредбата за случајот со надзорот над „Бехтел и Енка“ – прашање до Тошковски

25 мај 2026
НАЈНОВО

Иран се согласи да го пренесе збогатениот ураниум во Кина

25 мај 2026

Видео: Свлечиште настанало во Центар при ископ на дупка за изградба на зграда, багерот бил затрупан, багеристот успеал навреме да излезе

25 мај 2026

Неможам да кажам зошто МВР не дала снимки од видеонадзорот и зошто ЈО оди со детали во јавност вели Тошковски за 360 и „фрли“ сомнеж врз обвинителот

25 мај 2026

Тревога за ебола во Италија: Два сомнителни случаи по враќањето од Уганда

25 мај 2026

Рамуш Харадинај се повлече по 26 години, Ардијан Џини е нов претседател на Алијансата за иднината на Косово

25 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.