Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Претседателката Сиљановска Давкова : Кирил и Методиј се темелот на духовниот и културниот идентитет на македонскиот народ

25 мај 2026

Мицкоски на свечената академија за Св. Кирил и Методиј: Образованието е штит на државата, трпението за правдата е при крај

25 мај 2026

(Галерија) Магацин на поранешната Декортекст изгоре вечерва и ги вознемири жителите на Радовиш

25 мај 2026

Влен: Борбата против финансиската експлоатација на граѓаните станува реалност

25 мај 2026

СДСМ: Обвинителот Савески доби нови задачи од Мицкоски, овој пат на празник

25 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, мај 25
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Таткото на Васил Јованов изјави дека не се чувствува виновен и дека не разбира што точно му се става на товар

Press OnlineBy Press Online3 септември 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје изјави дека не се чувствува виновен и дека не разбира што точно му се става на товар. Тој е обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, по трагичниот инцидент во кој неговиот син, управувајќи автомобил без дозвола и под дејство на алкохол, усмрти пешак.

Обвинителот Александар Марковски истакна дека Јованов преку родителска попустливост придонел за создавање на опасната состојба.

„Во случајот станува збор за еден ноторен факт – татковата љубов спрема синот единец била голема, но резултирала со несреќна пропустливост на родителот кон синот кој се оддал и на пороци“, рече обвинителот, додавајќи дека обвинителството ќе докаже дека таткото придонел за опасната состојба генерирана од неговиот син.

„Факт е дека обвинетиот претходно не се судрил со законот и е офицер за пример во македонската Армија, но тука не сме за да ја оценуваме неговата професионалност, туку тоа што требало или не требало да го направи како родител“, истакна Марковски.

Адвокатот на Јованов, Сашко Дуковски, го оцени обвинението како правно неосновано и најави дека ќе бара детално образложение за секој поднесен доказ.

„Се работи за правен преседан незабележан во македонската правна историја – да го товарите таткото за дејствија кои ги сторил неговиот полнолетен син“, рече Дуковски, додавајќи дека ќе бара објаснување за правната релевантност на секој доказ.

На почетокот на денешното рочиште, таткото на Фросина Кулакова, Тодор Кулаков, упати прашања кон судечкиот совет, барајќи од судијката Снежана Марковска да се изземе од предметот. „Редно е да се иземете од овој предмет, ова е наместено“, рече Кулаков, по што беше отстранет од судницата. Адвокатот Дуковски реагираше дека ќе го напушти судењето доколку Кулаков повторно му се обрати директно.

Јованов се гони за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“ откако обвинителството на изминатото рочиште врз основа на новоприбавени докази го измени обвинителниот предлог, кој првично беше „предизвикување општа опасност“.

Инцидентот се случи во јануари годинава, кога Васил Јованов управуваше автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол и удри во пешачката Фросина Кулакова, која почина на самото место.

Поврзани содржини

Претседателката Сиљановска Давкова : Кирил и Методиј се темелот на духовниот и културниот идентитет на македонскиот народ

25 мај 2026

Мицкоски на свечената академија за Св. Кирил и Методиј: Образованието е штит на државата, трпението за правдата е при крај

25 мај 2026

(Галерија) Магацин на поранешната Декортекст изгоре вечерва и ги вознемири жителите на Радовиш

25 мај 2026
НАЈНОВО

Претседателката Сиљановска Давкова : Кирил и Методиј се темелот на духовниот и културниот идентитет на македонскиот народ

25 мај 2026

Мицкоски на свечената академија за Св. Кирил и Методиј: Образованието е штит на државата, трпението за правдата е при крај

25 мај 2026

(Галерија) Магацин на поранешната Декортекст изгоре вечерва и ги вознемири жителите на Радовиш

25 мај 2026

Влен: Борбата против финансиската експлоатација на граѓаните станува реалност

25 мај 2026

СДСМ: Обвинителот Савески доби нови задачи од Мицкоски, овој пат на празник

25 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.