Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Две девојки прегазени на „Радишанска“, возачот побегнал

16 мај 2026

Тешко е да се опише колку е корумпиран Трамп. Најголемата истрага досега објавена

16 мај 2026

(Видео) Објавена снимка од излетувањето на авионот на „Кроација ерлајнс“ во Сплит

16 мај 2026

СДСМ: Како изгледа бизнисот на Максо и неговиот кум, 350.000 чист профит преку ноќ

16 мај 2026

Швајцарија отвора тајни досиеја за Менгеле, „Ангелот на смртта“ од Аушвиц

16 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 16
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Состојбата со културното наследство во фокусот на посетата на министерот Љутков на Велес

Press OnlineBy Press Online4 септември 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со директорот и стручен тим од Националниот конзерваторски центар, престојуваше во работна посета на Велес, при што направи увид во состојбата со културното наследство на неколку локации во градот.

Во рамките на посетата, Љутков ја посети манастирската црква „Св. Димитрија“, заштитено културно добро каде што се спроведуваат активности за истражување, конзервација и реставрација, кои во изминатиот период беа во застој.

Љутков го посети и Музејот на Велес, како и спомен-куќите на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, на Кочо Рацин и на Васил Главинов, значајни личности кои се длабоко вградени во историјата на македонската култура, образование и општествена мисла.

„Од она што можев да видам е дека овие три спомен-куќи се во некоја кондиција, но  реално ќе им биде потребно освежување и обновување. Затоа направивме увид и ќе направиме анализа што е тоа со што ќе може да се помогне во наредниот период. Целта ни е овие објекти да бидат достапни за јавноста и активно да придонесуваат за културниот живот на Велес“, рече Љутков.

Тој додаде дека во Музејот на Велес беше разгледана и можноста за континуирано отворање на спомен-куќите за посетители, како и начинот за нивно ефикасно стопанисување.

Дел од посетата беше и Куќата на Апасиеви, објект од традиционалната градска архитектура, кој во 2021 година е прогласен за културно наследство во опасност. Иако е изработен Основен проект за конзервација, реставрација и санација и е избран изведувач, поради одредени пречки, процесот е во застој. За таа цел ќе се изврши увид во моменталната состојба за да се создадат услови за продолжување на конзерваторско-реставраторските процеси за целосна заштита на објектот.

Министерството за култура и туризам останува посветено на заштитата и унапредувањето на културното наследство низ целата држава, како клучен дел од националниот идентитет и туристичкиот потенцијал.

Поврзани содржини

Две девојки прегазени на „Радишанска“, возачот побегнал

16 мај 2026

(Видео) Објавена снимка од излетувањето на авионот на „Кроација ерлајнс“ во Сплит

16 мај 2026

СДСМ: Како изгледа бизнисот на Максо и неговиот кум, 350.000 чист профит преку ноќ

16 мај 2026
НАЈНОВО

Две девојки прегазени на „Радишанска“, возачот побегнал

16 мај 2026

Тешко е да се опише колку е корумпиран Трамп. Најголемата истрага досега објавена

16 мај 2026

(Видео) Објавена снимка од излетувањето на авионот на „Кроација ерлајнс“ во Сплит

16 мај 2026

СДСМ: Како изгледа бизнисот на Максо и неговиот кум, 350.000 чист профит преку ноќ

16 мај 2026

Швајцарија отвора тајни досиеја за Менгеле, „Ангелот на смртта“ од Аушвиц

16 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.