Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Ангажирани два армиски хеликоптери за пожарот на Јабланица

14 март 2026

ВМФЛ: Брегалница мора до трите бода, лидерот на тешко гостување во Гевгелија

14 март 2026

Умерено облачно со сончеви периоди

14 март 2026

Пораз на Македонија У16 на вториот дуел против Летонија

14 март 2026

Измамен битолчанец за 340.000 денари, разговарал со лажен директор на компанија што тргува со крипто валути

13 март 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, март 14
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ВМРО-ДПМНЕ: Левица призна и се заплетка во лагите за парите кои завршиле во џебовите на раководството

Press OnlineBy Press Online22 септември 2025 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Левица на прес-конференција практично признаа дека податоците добиени од свиркачи за парите кои од сметката на партијата завршиле во џебови на тесното раководство се точни, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Парите од сметката на партијата Левица по разни основи завршиле кај тесното раководство на Левица. Мојсоска која самата изнесе информација дека била сметководител на Левица требало да знае дека доколку ја говори вистината, актот е противзаконски, птенцитаат во соопштението.

„Правниците од Левица би требало да знаат дека во Законот за пратениците јасно е наведено:

– Член 4: „Функцијата пратеник во Собранието се врши професионално.“

– Член 5: „Пратеникот нема право да врши други јавни функции или професии, кои согласно со закон се неспојливи со функцијата пратеник.“

– Член 9: „Функцијата пратеник е неспојлива со вршењето на дејности со профитна цел.“

Законот е јасен Јована Мојсоска како пратеник, не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица. Доколку е вистина улогата на сметководител, Мојсоска сериозно го прекршила Законот“, наведуваат во денешното соопштењние од ВМРО-ДПМНЕ.

„Левица бегајќи од вистината се заплетка во сопствените шеми за извлекување на партиски средства за лични потреби на раководството.

Вистината излезе на виделина, Левица под закрила на идеологија, чесност и приказни за неподмитливост испумпува пари на личните трансакциски сметки.

Пропагандата на Левица за чесност и неподмитливост се претвори во параван зад кои се испумпуваат пари.

Вистината е на виделина, Левица не е имуна на корупција и не се бори против неа, туку е дел од неа“, соопшти владејачката партија.

Поврзани содржини

Ангажирани два армиски хеликоптери за пожарот на Јабланица

14 март 2026

Умерено облачно со сончеви периоди

14 март 2026

Измамен битолчанец за 340.000 денари, разговарал со лажен директор на компанија што тргува со крипто валути

13 март 2026
НАЈНОВО

Ангажирани два армиски хеликоптери за пожарот на Јабланица

14 март 2026

ВМФЛ: Брегалница мора до трите бода, лидерот на тешко гостување во Гевгелија

14 март 2026

Умерено облачно со сончеви периоди

14 март 2026

Пораз на Македонија У16 на вториот дуел против Летонија

14 март 2026

Измамен битолчанец за 340.000 денари, разговарал со лажен директор на компанија што тргува со крипто валути

13 март 2026
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.