Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

Почна автобуската линија Тетово – Попова Шапка, повратен билет 200 денари

17 јануари 2026

(Фото) Славната Србинка беше фатална во младоста, а сега на 78 години има тело за медал: Има сопруг 35 години помлад

17 јануари 2026

Босна и Херцеговина сè уште не ги добила очекуваните средства од Планот за раст на ЕУ

17 јануари 2026

Орбан: Западна Европа отворено се подготвува за војна со Русија

17 јануари 2026

Белгија: Испраќањето офицери во Гренланд е знак на солидарност со Данска, а не порака кон САД

17 јануари 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, јануари 17
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ИЏЕ трет во група 1 во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки

Press OnlineBy Press Online22 септември 2025 Спорт
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Игор Стефановски-Иџе изминатиот викенд во Бузет, Хрватска, ја возеше својата 200-та трка во кариерата и ја заврши сезоната во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC) со одлично трето место во група 1.

Со своето „Ферари “, Иџе подготви вистинско шоу за публиката на последната трка, која традиционално собира голем број љубители на моторспортот. Поддршка доби и од бројни Македонци кои специјално дојдоа во Хрватска да го бодрат.

„Завршен е Бузет. Феноменална трка и атмосфера. Горд сум што многу луѓе од Македонија беа тука. Трето место во група 1 во финалната класификација во овој шампионат е голем успех за мене и за мојата Македонија. Сезоната беше долга, со многу предизвици, но и со пиедестали, победи и убави моменти, Завршени се 11 трки, низ цела Европа. Имавме преубава тркачка сезона. Морам да бидам искрен и да спомена дека имавме и предизвици, и физички и психички, имавме многу патувањА “ изјави Стефановски. Имавме вистински добра борба со моите конкуренти, приредивме вистинско шоу за публиката, верувам дека ќе го паметат, затоа што вакви времиња и вакви возења, не се направени на ниедна друга трка.

Тој им се заблагодари на својот тим, спонзорите, Министерството за спорт и своето семејство, кое – како што вели – „најсилно го трпи товарот“ од неговата кариера.

-Крај на една убава сезона со измешани емоции, но и многу искуства. Можам да кажам дека навистина сум горд на луѓето околу мене, на мојот тим, на сите спонзори, на тимот на Ферари за овој резултат. Имавме навистина сериозна конкуренција. Бузет е една од моите најомилени трки. Веќе размислуваме за следната година и со кој автомобил ќе настапуваме. Горд сум што достоинствено ја претставивме Македонија, додаде Игор Стефановски –Иџе.

Видеолотарија Касинос Австрија му го честита успехот и во оваа сезона. Остануваме посветени во поддршката на автомобилскиот шампион. Заедно ќе продолжиме да навиваме за Иџе и за Македонија.

Поврзани содржини

Почина претседателот на Фиорентина

17 јануари 2026

Лазаров ги одбра 19-те ракометари кои ќе настапат за Македонија на Европското првенство

6 јануари 2026

Легендарниот спортист и шампион пронајден мртов

5 јануари 2026
НАЈНОВО

Почна автобуската линија Тетово – Попова Шапка, повратен билет 200 денари

17 јануари 2026

(Фото) Славната Србинка беше фатална во младоста, а сега на 78 години има тело за медал: Има сопруг 35 години помлад

17 јануари 2026

Босна и Херцеговина сè уште не ги добила очекуваните средства од Планот за раст на ЕУ

17 јануари 2026

Орбан: Западна Европа отворено се подготвува за војна со Русија

17 јануари 2026

Белгија: Испраќањето офицери во Гренланд е знак на солидарност со Данска, а не порака кон САД

17 јануари 2026
Press Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.