Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

(Видео) Пак запален автомобил, овојпат во Маџари: Пироманот се движел пеш и минувал покрај камери и очевидци, дете прво го забележало пожар

20 јуни 2026

Дел од центарот на Скопје без вода

20 јуни 2026

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија

20 јуни 2026

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава

20 јуни 2026

Парада на гордоста попладне во Скопје

20 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Холандските партии со осуда на насилните антимигрантски протести во Хаг

Press OnlineBy Press Online22 септември 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Водечките холандски политички партии го осудија насилното однесување на неколку стотици екстремно десничарски активисти за време на антимигрантските протести во Хаг викендов, при кои демонстрантите се судрија со полицијата, кусо блокираа еден од автопатите кон градот, запалија полициско возило и демолираа простории на либералната партија Демократи 66 (Д66).

Според холандските медиуми, до инцидентот дошло кога демонстрантите, претежно облечени во црно, кои носеле холандски и знамиња на екстремно десничарски групи, почнале да маваат со камења и шишиња кон полицајците, кои возвратиле со употреба на солзавец и водени топови.

Протестите се одржаа на повик упатен преку социјалните мрежи од десничарската активистка позната под псевдонимот „Елс Десно“ за одржување протестен собир во паркот Маливелд против миграцијата и со барање за построги правила за доделување азил.

Холандскиот премиер Дик Схоуф го осуди инцидентот порачувајќи дека нападите врз полицијата и канцеларијата на Д66 се „целосно неприфатливи“ и дека „секогаш има простор за протести, но никогаш за насилство“.

– Шокантни и бизарни сцени од бесрамно насилство во Хаг, објави Схоуф на Икс, изразувајќи увереност дека полицијата и обвинителството ќе ги уапсат и ќе ги гонат сторителите.

Лидерот на најголемата партија во холандскиот Парламент, десничарската Партија за слободата (ПВВ), Герт Вилдерс, исто така во објава на Икс, оцени дека блокадите на автопатите и нападите врз полицијата се „неприфатливи“.

Лидерот на опозицискиот блок на зелените и лабуристите и поранешен еврокомесар Франс Тимерманс осудувајќи го нападот, оцени дека ваквите случувања се поттикнати од „политичари кои сеат страв и поделба“.

Лидерката на моментно најголемата партија во техничката Влада, конзервативно-либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД), Дилан Јешилгоз ја повика полицијата да се погрижи „овие ѓубриња да бидат уапсени, да добијат строги казни и да платат за целата штета“.

– Како се осмелувате да применувате насилство врз нашите полицајци?, на Икс наведе Јешилгоз, која е родена во Анкара и е со турско-курдско потекло.

И лидерот на Д66, Роб Јетен ги осуди случувањата, нарекувајќи ги демонстрантите „ѓубриња“.

– Ѓубриња. Држете ги рацете подалеку од политичките партии. Ако мислите дека можете да не заплашите, се лажете. Никогаш нема да дозволиме нашата прекрасна земја да биде заробен од екстремистички бунтовници, напиша Јетен на Икс.

Насилството го осуди и „Елс Десно“, наведувајќи дека никогаш немало да ги организира протестите ако го знаела нивниот исход.

– Претпоставував дека луѓето дојдоа мирно да демонстрираат, но за жал, од некоја причина, испадна сосема поинаку, напиша активистката на Икс.

Протестите се одржаа во пресрет на предвремените парламентарни избори во Холандија закажани за 29 октомври, до кои дојде откако ПВВ на Вилдерс ја напушти Владата што ја формираше со либералите и конзервативците по претходните избори одржани во ноември 2023 година.

Партијата на Вилдерс ја напушти Владата поради спор со коалициските партии околу миграциската политика, барајќи ограничување на миграцијата и построги за доделување азил.

Поврзани содржини

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија

20 јуни 2026

Tоварен воз падна од мост во Минхен

20 јуни 2026

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД

20 јуни 2026
НАЈНОВО

(Видео) Пак запален автомобил, овојпат во Маџари: Пироманот се движел пеш и минувал покрај камери и очевидци, дете прво го забележало пожар

20 јуни 2026

Дел од центарот на Скопје без вода

20 јуни 2026

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија

20 јуни 2026

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава

20 јуни 2026

Парада на гордоста попладне во Скопје

20 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.