Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Американскиот Конгрес одобри милијарди долари за борба против илегалната имиграција

10 јуни 2026

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка

10 јуни 2026

Полицијата интервенирала против учесници на демонстрациите во Брисел

10 јуни 2026

Секоја секунда се трошат над 3.700 долари за нуклеарно оружје

10 јуни 2026

Руската армија во Украина почна да губи 300 луѓе дневно

10 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Тошковски: Најдобрите студенти треба да влезат во безбедносните институции

Press OnlineBy Press Online23 септември 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави можност за потпишување меморандум за соработка на МВР со Факултетот за безбедност, но и останати факултети како Правниот, Економскиот…кои имаат допирни точки со областа на безбедноста, со цел на најдобрите студенти да им се овозможи влез во државните институции чиј делокруг на работа е безбедноста, кои, како што рече треба да бидат темел на една држава.

-Ние имаме многу добра соработка меѓу МВР и Факултетот, и таа е една од клучните соработки кои ги имаме со високообразовни институции. Можам да најавам дека согласно новиот Закон за внатрешни работи ќе имаме можност со сите восокообразовни институции кои таргетираат во областа на безбедноста, а особено со Факултетот за безбедност Скопје да склучиме Меморандум за соработка со кој што најкавитетните кадри кои ќе произлезат оттаму, да влезат во рамки на безбедносните институции, таму каде им е местото, рече министерот Тошковски во воведното обраќање на 16-та меѓународна научна конференција на тема „Системска корупција – најголемата безбедносна закана: Безбедносно-стратешки пристапи за решавање на сложените предизвици“ што се одржува во Скопје.

Тој изрази надеж дека оваа идеја ќе ја поддржат и останатите високообразовни институции како Правниот, Економскиот и други факултети кои ќе овозможат најквалитетните кадри да влезат во безбедносните институции.

-На ваков начин ќе има можност најквалитетните студенти, оние кои дале максимум од себе во рамки на своето високо образование, доколку сакаат имаат желба да ги вклучиме во рамки на МВР, за почеток. Се надевам дека во иднина и останатите институции, кои имаат во својот домен одредени прашања оврзани со безбедноста, како АНБ, Царината… ќе го следат овој пример и ќе им дадат дополнителен мотив на студентите, особено најдобрите да бидат дел од овие институции, кои навистина би требало да преставуваат темел на една современа демократска и европска држава, истакна министерот Тошковски во обраќањето.

Тој додаде дека оваа година, темата на конференцијата е многу актуелна и интересна во секое едно општество во особено на Балканот и истакна дека со дискусиите експертите ќе придонесат во можноста за справување со актуелните предизвици.

Освен министерот Тошковски, предвиени се поздравни обраќања на проф. д-р Игор Неделковски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, и проф. д-р Јонче Ивановски, декан на Факултетот за безбедност – Скопје.

На свеченото отворање излагање ќе имаат и експертите од областа – проф. д-р Миодраг Лабовиќ од Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Углеша Звекиќ, Глобална иницијатива против транснационалниот организиран криминал и проф. д-р Филип Ејдус од Факултет за политички науки – Белград.

Поврзани содржини

Петровска: Власта нема капацитет за реформи и ја губи довербата во институциите

10 јуни 2026

Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

10 јуни 2026

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

10 јуни 2026
НАЈНОВО

Американскиот Конгрес одобри милијарди долари за борба против илегалната имиграција

10 јуни 2026

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка

10 јуни 2026

Полицијата интервенирала против учесници на демонстрациите во Брисел

10 јуни 2026

Секоја секунда се трошат над 3.700 долари за нуклеарно оружје

10 јуни 2026

Руската армија во Украина почна да губи 300 луѓе дневно

10 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.