Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

(Видео) Пак запален автомобил, овојпат во Маџари: Пироманот се движел пеш и минувал покрај камери и очевидци, дете прво го забележало пожар

20 јуни 2026

Дел од центарот на Скопје без вода

20 јуни 2026

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија

20 јуни 2026

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава

20 јуни 2026

Парада на гордоста попладне во Скопје

20 јуни 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ
Press OnlinePress Online

Новиот кинески носач на авиони има технологија каква што имаат само Американците

Press OnlineBy Press Online23 септември 2025 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Најновиот и најнапреден носач на авиони во Кина, „Фуџијан“, успешно лансираше три различни типа авиони користејќи го својот нов електромагнетен катапулт. Кинеските државни медиуми објавија снимки од лансирањето, нарекувајќи го голем технолошки пробив и пресвртница во модернизацијата на морнарицата, објави Си-ен-ен.

Снимките објавени од државниот радиодифузер CCTV го прикажуваат ловецот од петта генерација „невидливиот“ J-35, повеќенаменскиот ловец J-15T и авионот за рано предупредување и контрола KJ-600 како полетуваат од носачот. Сите беа лансирани со помош на напреден систем познат како EMALS (Електромагнетен систем за лансирање авиони).

Освен Кина, единствената земја во светот што ја има оваа технологија се САД, на нивниот најнов носач на авиони, USS Gerald R. Ford. Аналитичарот и поранешен капетан на американската морнарица, Карл Шустер, верува дека успешните тестови би можеле да значат дека Фуџијан би можел да влезе во официјална служба со Морнарицата на Народноослободителната армија (PLAN) за само неколку недели.

Системот EMALS им овозможува на авионите да полетуваат со поголем товар оружје и гориво во споредба со двата постари кинески носачи, Шандонг и Лиаонинг, кои користат рампи за полетување од типот „ski-jump“. Ова ќе им овозможи на авионите од Фуџијан да напаѓаат цели од поголеми растојанија и ќе им даде на кинеската морнарица таканаречени можности „сина вода“, односно можност за делување на отворен океан.

Сепак, за разлика од американските носачи, кои се на нуклеарен погон, Фуџијан користи конвенционално гориво, што го ограничува неговото време на море.

Поврзани содржини

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија

20 јуни 2026

Tоварен воз падна од мост во Минхен

20 јуни 2026

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД

20 јуни 2026
НАЈНОВО

(Видео) Пак запален автомобил, овојпат во Маџари: Пироманот се движел пеш и минувал покрај камери и очевидци, дете прво го забележало пожар

20 јуни 2026

Дел од центарот на Скопје без вода

20 јуни 2026

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија

20 јуни 2026

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава

20 јуни 2026

Парада на гордоста попладне во Скопје

20 јуни 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.