Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Петровска: Дали уапсениот директор на Инспекторатот за земјоделство парите од поткуп ги носел кај министерот?

30 април 2026

Трамп се сретна во Белата куќа со астронаутите на НАСА од мисијата „Артемис II“

30 април 2026

Нападнале шумски полицаец со моторна пила, па се дале во бегство

30 април 2026

Снег на Златибор и Копаоник

30 април 2026

„Вреди“ станува една партија: Крај за ерата кога албанската политика беше приватна сопственост на една корумпирана клика

30 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 30
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Андоновски: Централниот регистар нуди над 100 услуги и е прва адреса за секој што сака да започне бизнис во Македонија

Press OnlineBy Press Online24 септември 2025 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Централниот регистар беше меѓу првите институции кои се приклучија на платформата на интероперабилност и денес таа размена на информации меѓу институциите се одвива на стандарден, безбеден и унифициран начин, овозможувајќи услуги без хартија, без чекање и без непотребна бирократија. Централниот регистар на платформата за интероперабилност на месечно ниво прави над 100 илјади трансакции, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, на одбележувањето 24 години Централен регистар.

Централниот регистар, според Андоновски, е институција којашто 24 години е клучен мотор за движење на македонската економија и Министерството за дигитална трансформација го гледа како еден од клучните партнери и носител на визијата за модерна, транспарентна и дигитална држава.

-Во изминатите две децении како држава успеавме да го изградиме Централниот регистар како симбол на модерна и ефикасна администрација, институција која денес управува со десетици регистри, нуди над 100 услуги и е прва адреса за секој што сака да започне бизнис во Македонија, изјави Андоновски.

За да постигнеме просперитетна држава во која одржливата дигитализација го подобрува животот на граѓаните, ги поттикнува напорите за борба против корупција, привлекува странски инвестии и овозможува иновации, според Андоновски, треба да вложуваме во модерни и дигитализирани институции.

– Непречениот проток на информации меѓу институциите го олеснува обезбедувањето јавни услуги приспособени на потребите на граѓаните и на компаниите. Ваквата размена на информации ја зголемува ефикасноста при работењето и го зголемува задоволството од услугите кои се нудат. Во изминатите 12 месеци институцијата разви каталог на услуги за корисниците и ја интегрираше електронската идентификација преку профилот на uslugi.gov.mk, чекор што ја носи Македонија поблиску до европскиот модел на нудење на електронски услуги. Одлична е можноста сите граѓани да ги користат електронските услуги на Централен регистар преку платформата на Министерството за дигитална трансформација, ова едноставно значи дека секој граѓанин независно каде се наоѓа со еден профил може да пристапи и до Централниот регистар и до сите други институции без да памтни десетина лозинки и кориснички имиња, изјави Андоновски.

Со Централниот регистар, посочи Андоновски, заеднички работиме на идните развојни чекори во насока на целосна дигитализација на услугите, уште поголема интеграција со европските системи и создавање на услови каде младите претприемачи и инвеститорите ќе добиваат брза, сигурна и транспарентна услуга.

Поврзани содржини

Петровска: Дали уапсениот директор на Инспекторатот за земјоделство парите од поткуп ги носел кај министерот?

30 април 2026

Нападнале шумски полицаец со моторна пила, па се дале во бегство

30 април 2026

„Вреди“ станува една партија: Крај за ерата кога албанската политика беше приватна сопственост на една корумпирана клика

30 април 2026
НАЈНОВО

Петровска: Дали уапсениот директор на Инспекторатот за земјоделство парите од поткуп ги носел кај министерот?

30 април 2026

Трамп се сретна во Белата куќа со астронаутите на НАСА од мисијата „Артемис II“

30 април 2026

Нападнале шумски полицаец со моторна пила, па се дале во бегство

30 април 2026

Снег на Златибор и Копаоник

30 април 2026

„Вреди“ станува една партија: Крај за ерата кога албанската политика беше приватна сопственост на една корумпирана клика

30 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.